Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на собраниската седница се обрати до пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, која зборуваше за состојбите во земјоделието.

Петрушевски истакна дека не очекувал Петровска да се јави да зборува и критикува за земјоделието, додека поранешниот министер од редовите на СДСМ, Љупчо Николоски, да не е присутен во салата.

„Почитувана колешке, не очекував од вас дека ќе се јавите вие лично да говорите за оваа интерпелација, особено што и вие знаете дека оваа интерпелација е само еден обичен обид за политичка драма, а најмалку суштинска дебата за земјоделието. Затоа што и вие знаете дека овие луѓе коишто седат овде, меѓу кои и вие. Оној поранешен министер којшто сега го нема, ама ете има кој денеска сака да критикуваат“, рече Петрушевски.

Додаде дека СДСМ имаа 7 години власт да направат нешто за македонското земјоделие, а единствено што направиле е бизнисот со марихуаната, кога единствено луѓе блиски до СДСМ и тогашната власт добивале лиценци за одгледување.

„Имаа 7 години можност нешто за земјоделието. Резултатите ги видовте на изборите, меѓутоа ги гледавме и тогаш секојдневно на разни протести и искажување незадоволство и сѐ она коешто се случуваше во тој период. Ако може да се каже дека направивте нешто во земјоделието, тоа е во делот на марихуаната. Тука да, направивте многу како тогашна влада и голем дел, односно најголем дел од сите бизниси и фирми коишто одгледуваат марихуана се во делот на вашата политичка партија и во делот на оние луѓе коишто тогаш ви беа власт“, истакна Петрушевски.

реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Македонија

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени 

Read more

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Read more

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Read more

До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Read more

Вести

  • play_arrow

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени 

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците ќе одлучат за судбината на браќата Тејт

Читај повеќе

Авиосообраќајот во Европа: Што ќе се промени за патниците во 2027 година?

Читај повеќе

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Читај повеќе

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Енди Бернам  - новиот премиер на Велика Британија кој најавува големи промени

Читај повеќе

До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Трамп: Жестоко го нападнавме Иран во чест на убиените американски војници

Читај повеќе

Новите правила на ЕУ стапуваат на сила денес: Забрането е уништување на облека

Читај повеќе