По поскапувањата во јули, Мицкоски следната недела очекува поголемо намалување на цените на дизелот и на бензините

Цената на горивата на почетокот на август ќе се намали по двете поскапувања во јули. Премиерот Христијан Мицкоски денес, при посетата на Илинден, кажа дека очекува поголемо намалување на цените.

„Знаете дека на две недели се анализираат акцизите. Сега завршува онаа втора половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот. И врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати. Добро е што два дена по ред паѓа цената. Денеска се стабилизира некаде околу 85-86 долари за барел, така што веќе следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините. Но, она кое што е важно, а тоа е дека ова е берзански производ, сите ние државите купуваме од исто место, а ние како држава имаме убедливо најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин во регионот, па и во Европа дури“, рече премиерот Мицкоски.

Цената на горивата кај нас последен пат беше намалена минатиот месец, на 23 јуни, кога бензините поевтинија за 3,5 денари, а дизелот за 7 денари.

Со корекцијата на цената од 29 јуни, пак, дизелот поевтини за половина денар, а цената на бензините се покачи за половина денар. Тогаш цената на дизелот се симна на 80 денари за литар, а цената на бензините се искачи на 84,5 денари за литар за еуросупер 95 и 86,5 денари за литар еуросупер 98.

Со покачувањето на цената кое важи од денес, цената на дизелот за еден месец е зголемена 18,5 денари, а цената на бензините за еден месец се зголемила за 8,5 денари.

реклама

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Македонија

Земјотрес во Пехчево и Берово

Read more

СДСМ бара ОЈО да отвори истрага за потрошените 5,5 милиони евра за прославата на Денот на независноста

Read more

„Постапено е по протокол“ – ГАК ги отфрла обвинувањата на пациентката од Охрид

Read more

Апасиев бара одговори за наплатата на брзите кредити: По кој закон се оди на врата за долг?

Read more

Вести

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе

Нападнат танкер за нафта во Ормускиот Проток: Двајца морнари се водат како исчезнати, 23 се спасени

Читај повеќе

Европскиот парламент усвои извештај за странското мешање: Русија главна закана, Србија центар за дезинформации

Читај повеќе

Медитеранот сруши историски рекорд, Европа се соочува со закана од екстремни бури

Читај повеќе

Зеленски бара американски гаранции, Кремљ укинување на санкциите, откако Трамп објави дека има договор за енергетските објекти

Читај повеќе

Се трага по скопјанец во Охрид, на плажа биле пронајдени негови алишта и телефон

Читај повеќе

AfD убедливо најсилна партија во Германија

Читај повеќе