Денеска почна третата акција за собирање кабаст отпад низ Општина Центар, а ќе трае до 20 април.

„Ова е уште една можност заеднички да придонесеме за почиста и поурбана средина! Искористете ги специјално поставените пунктови за одлагање на кабастиот отпад. Апелирам до сите жители да продолжат со совесно и одговорно одлагање на овој вид отпад. Вашето учество е клучно во мисијата за поубав Центар!“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Пунктовите за одлагање на отпадот се поставени на следниве локации:
📍 ДЕБАР МААЛО – ПАРК
ул. „Наум Наумовски-Борче“ – кај Партизан
📍 ДЕБАР МААЛО
ул. „Алберт Ајнштајн“ – кај КСП Центар - Јадро
📍 БУЊАКОВЕЦ
ул. „Киро Крстевски-Платник“ – кај кривината со ул. „Рајко Жинзифов“
📍 БУЊАКОВЕЦ
агол на ул. „Борка Талевски“ и „Костурски херои“
📍 ПРОЛЕТ
ул. „Пролет“ – спроти Веро Џамбо
📍 ВОДНО
ул. „Питу Гули“ – кај кошаркарското игралиште