Мицкоски најави итни законски измени

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска при посетата на Јегуновце, најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и фрлање ѓубре на недозволени места. Одговарајќи на новинарско прашање дали ги забележал депониите покрај Вардар кај Сиричино кога доаѓал кон Јегуновце, премиерот рече дека секој што ќе биде фатен на дело, ќе биде најстрого казнет.

„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите, со кои подметнување пожар ќе биде квалификувано како дело на тероризам, а одлагање смет онаму каде што не му е местото, ќе биде друго кривично дело, кое ќе се казнува со казна затвор поголема од 5 години“, рече премиерот Мицкоски.

Освен законските измени, премиерот рече дека вчера Министерството за животна средина испратило дописи до сите општини да ги расчистат дивите депонии и сметот да се одложи таму каде што му е местото.

„Јас ги повикувам и несовесните граѓани што ги формираат овие диви депонии да не го прават тоа затоа што сите оние што ќе бидат фатени ќе бидат најстрого казнети“, повика премиерот Мицкоски.

Денешната снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија премиерот Мицкоски рече дека е само уште еден доказ дека постојат центри на моќ што се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите. И денес тој не сакаше прецизно да каже кои се тие центри на моќ, но повтори дека одговорот на прашањето кому му одговара ваква состојба го дава и одговорот на прашањето кој ги нарачува.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Македонија

7 нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, 3 пациенти во критична состојба

Read more

Гаши ги распиша предвремените избори за градоначалник на Брвеница за 18 октомври

Read more

Левица: РКЕ крои тарифи со компаниите, а народот ќе биде известен кога ќе му пристигне сметка за струја

Read more

ССНМ: Новинарите мора да имаат пристап до информации

Read more

Вести

7 нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, 3 пациенти во критична состојба

Читај повеќе

Тетовец ја избркал сопругата од дома со трите малолетни деца, а потоа физички ја нападнал

Читај повеќе

Politico: Црна Гора и Исланд би можеле заедно да влезат во ЕУ

Читај повеќе

Гаши ги распиша предвремените избори за градоначалник на Брвеница за 18 октомври

Читај повеќе

Левица: РКЕ крои тарифи со компаниите, а народот ќе биде известен кога ќе му пристигне сметка за струја

Читај повеќе

ССНМ: Новинарите мора да имаат пристап до информации

Читај повеќе

Скопјанец возел со 3,29 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

Читај повеќе

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Читај повеќе

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан ги здружуваат силите: Потпишуваат одбранбен договор

Читај повеќе