Поднесено обвинение за Еуростандард Банка

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против 3 лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело Предизвикување стечај на банка, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело Несовесно работење во службата.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката.

„Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, придонеле за значително влошување на финансиската состојба на Еуростандард Банка АД Скопје. Со ваквото постапување придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари“, соопшти Обвинителството.

Според обвинителниот предлог, четвртообвинетиот, во својство на претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард Банка АД Скопје, во периодот од 2013 до 2019 година, со несовесно вршење на своите овластувања и пропуштање на должен надзор, постапувал спротивно на обврските утврдени со Законот за банките. Со тоа овозможил одобрување на нефункционални кредити, преземање прекумерни кредитни ризици, неточно прикажување на финансиската состојба на банката и непочитување на законските и интерните процедури при кредитирањето, со што придонел за создавање видлива несолвентност, намалување на сопствените средства на банката и нејзино доведување во стечај по сила на закон.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Read more

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Македонија

Делови од Горно Соње и Бардовци денеска без струја

Read more

Ќе нема вода во дел од Ченто

Read more

Температурите денеска до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Read more

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Read more

Вести

Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русите

Читај повеќе

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Читај повеќе

Делови од Горно Соње и Бардовци денеска без струја

Читај повеќе

Ќе нема вода во дел од Ченто

Читај повеќе

Температурите денеска до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Читај повеќе

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Читај повеќе

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Читај повеќе

Пресуда за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица

Читај повеќе