Подравка и потрошувачите обезбедија донација за опремување на Средното угостителско училиште „Лазар Танев“

Со предавањето на донацијата денеска официјално беше заокружена општествено одговорната кампања на Подравка, преку која заедно со потрошувачите беа обезбедени средства за нова опрема за практична настава во Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје.

Кампањата под мотото „Донираме за училиште без мака и за јадења што секој ги сака“ резултираше со донација во вредност од 6.000 евра, кои училиштето ги искористи за набавка на најнеопходната професионална опрема за готвење и чување храна. Опремата беше избрана според приоритетите што ги посочи училиштето, под водство на директорот Небојша Вуковиќ, како најважни за реализација на наставата.

Во периодот од 15 април до 30 мај, од секој купен производ од селектираниот асортиман на Подравка се издвојуваше по 1 денар, а собраните средства беа насочени во фондот за донација. На овој начин компанијата и потрошувачите заеднички придонесоа за подобри услови за едукација на идните професионалци од угостителството.

Освен собирањето средства, во рамките на проектот беа промовирани и традиционални јадења преку видео рецепти кои ги подготви тимот на најголемиот регионален портал за храна coolinarika.com – како тавче гравче, пастрмајлија, пита со сирење, мусака, полнети пиперки и макало. Целта беше да се поттикнат младите да ја пренесат и зачуваат македонската гастрономска традиција.

Посебен дел од проектот беше и специјалниот МастерКлас под менторство на професорот Александар Спировски и професорката по слаткарство Лимонка Арминовска. Учениците подготвуваа автентични јадења, а специјални гостинки беа инфлуенсерките Теа Трповска и Теодора Георгиевска („Готвиме со Теа“), кои ја споделија својата љубов кон готвењето и ги мотивираа младите готвачи со порака дека креативноста, трудот и вербата се рецепт за успех.

Мастеркласот заврши со заеднички ручек со децата од Домот „11 Октомври“ – чин на блискост и солидарност. Младите готвачи ги пречекаа како вистински домаќини, им ја покажаа школата и што е најважно – седнаа на маса со нив, споделувајќи храна подготвена со љубов.

„Во Подравка веруваме дека најголемиот успех е кога создаваме проекти што оставаат трајна вредност за заедницата. Со оваа кампања покажавме дека храната е повеќе од секојдневна потреба – таа е јазик на поврзување и темел за иднината. Горди сме што заедно со нашите потрошувачи вложивме позитивна енергија во создавање подобри услови за образование на идните амбасадори на македонската кујна,“ изјави Ивица Саралиевски, директор на Подравка Македонија.

Подравка, како општествено одговорна компанија, и во иднина ќе продолжи со проекти и поддршка на иницијативи од значење за заедницата, во согласност со својата стратегија за одржливо работење до 2030 година.
 
Дополнителен поттик за учество во донаторската акција беше и наградната игра што Подравка ја организираше за време на кампањата. Главната добитничка, Катерина Димитриева од Велес, освои вредносен ваучер од Сетек во износ од 100.000 денари. Со желба да ја продолжи хуманата приказна, таа одлучи да донира 10% од наградата во кујнска опрема за средното угостителско училиштето „Лазар Танев“.

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Македонија

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Read more

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе