Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46% од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската Унија, покажува новиот извештај „Справување со евроскептицизмот кај младите на Западен Балкан: Случајот на Северна Македонија“, подготвен од Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи (Institute for Good Governance and Euro-Atlantic Perspectives) во соработка со Фондацијата „Фридрих Науман“ за слобода (Friedrich Naumann Foundation for Freedom) и Европскиот центар за извонредност (European Centre of Excellence – Брисел).

Според истражувањето спроведено во јуни 2025 година врз повеќе од 1.000 млади лица, 41% имаат позитивен став кон ЕУ, 35 се неутрални, а 24% негативни. Само 6,7% веруваат дека членството може да се оствари во следните пет години, додека 35,8% очекуваат тоа да се случи во подалечна иднина. Главни пречки за интеграцијата, според испитаниците, се корупцијата (84,6%), билатералните спорови (61%) и ниската доверба во институциите (60%).

Извештајот покажува дека 33% од младите сметаат дека земјата назадувала во процесот на пристапување, додека само 17% забележуваат напредок. Повеќе од 60% не веруваат дека членството во ЕУ би го намалило иселувањето, а 68% изјавиле дека би се иселиле доколку имаат можност. Над 70% се опишуваат како социјално неактивни, а само 8% учествуваат во граѓански или политички иницијативи.

Во економскиот дел, се нагласува дека од вкупните 302 милиона евра од ИПА фондовите, до крајот на 2023 година се искористени само околу 122 милиона. Покрај тоа, се спомнуваат истраги на ОЛАФ поврзани со неправилности во програмата „Еразмус+“, при кои е побарано враќање на 2,2 милиона евра. Невработеноста меѓу младите (15-29 години) е околу 30%, а 22-25% се во категоријата НЕЕТ (не работат и не се во образование).

Извештајот истакнува дека главните причини за евроскептицизмот се бавните реформи, корупцијата, недоволната вклученост на младите во креирањето на политики и ограничената комуникација на институциите со јавноста. Како дел од препораките, авторите повикуваат на: подобра искористеност на европските фондови, поддршка за младинско претприемништво, развој на програми за медиумска и дигитална писменост и вклучување на младите во донесувањето одлуки на национално и локално ниво.

Според IDUEP, евроскептицизмот меѓу младите во Македонија не значи отфрлање на европските вредности, туку одраз на фрустрација поради недостиг на перспектива, бавни реформи и недоверба во институциите. Извештајот заклучува дека само со економска, образовна и институционална вклученост може да се намали евроскептицизмот и да се врати довербата во европската иднина на земјата.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Македонија

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Read more

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

Read more

Муцунски: Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за државата – највисок износ во регионот

Read more

Мицкоски не откри дали Фетаи доаѓа на работа: Следната недела ќе се сретнеме и многу работи ќе бидат појасни

Read more
 

Вести

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Читај повеќе

Nestlé и Danone под истрага: Дали предоцна била повлечена контаминираната храна за бебиња?

Читај повеќе

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Читај повеќе

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Читај повеќе

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Читај повеќе

Пријава за малтретирање против скопски полицајци од интервентна

Читај повеќе

Нападнат средношколец во Аеродром, подолго време го вознемирувале во училиште

Читај повеќе

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

Читај повеќе

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Читај повеќе