Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди.
Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28°C.
Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26°C.