Поранешниот директор на Онкологија не се чувствува виновен – продолжи судењето против Васев и тројцата онколози

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со тројца други онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти, денеска, пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен. Вината, денеска, пред судот ја отфрлија и обвинетите Драган Јакимовски и Симонида Црвенкова, кои истакнаа дека својата кариера ја посветиле на лекување на пациентите.

Докторката Мери Пешевска, од друга страна, ја прифати одговорноста во делот на своите лозинки за пристап до системот, кои, како што рече, биле оставени на шалтер, но тоа било направено со цел побргу да минуваат пациентите и да се аплицира терапијата за нив. Одбраната на Пешевска побара раздвојување на постапката.

Обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска рече дека обвинетите свесно и систематски постапувале спротивно на стандардите на светските и на европските онколошки упатства, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.

Обвинителката нагласи дека несовесното постапување било овозможено и со соработка со Пешевска, која му дала пристап до системот на Васев, а со тоа се финализирале терапии без соодветен надзор.

Според Обвинението, кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба. Покрај тоа, Васев и поранешниот економски директор се соочуваат со дополнително обвинение за злоупотреба на службената положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари.

Тагови
реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Македонија

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Read more

Утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Read more

Вести

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе
  • filter

Трамп ќе гради Триумфална капија

Читај повеќе

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Читај повеќе