Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу Алкалоид од Скопје и АЕК од Атина.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат своите возила во близина на спортскиот центар.
Станува збор за реванш натпревар од финалето на Европскиот куп на ЕХФ. На првиот меч среде Атина нашиот Алкалоид победи во 4 голови разлика.