Поставена чекална – симбол на корупцијата во здравството: Герила акција на Партизанска

Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ленинова“.

Станува збор за герила акција чија цел е преку уметничка инсталација во просторот директно да ги соочи граѓаните и надлежните институции со коруптивните практики во системот на јавното здравство. Инсталацијата, која е во облик на вистинска болничка чекална со шалтер и столчиња, го привлече вниманието на случајните минувачи, кои љубопитно ги читаа испишаните пораки, а дел од нив седнаа да „почекаат“ здравствена услуга.

На чекалната се испишани сатирични фрази кои ги одразуваат клучните проблеми во здравството, како и главните наоди и сведоштва на граѓани од истражувањето „Снаоѓање или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем“.

Герила акцијата ја спроведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.

„Целта на оваа активност е на креативен и необичен начин да го свртиме вниманието на јавноста и на надлежните институции кон еден проблем кој е длабоко вкоренет во македонското здравство и со кој секојдневно се соочуваат илјадници граѓани.

Корупцијата во здравството ги нарушува основните човекови права, создава нееднаков третман за пациентите и ги поткопува темелите на јавното здравство. Се надеваме дека пораките испишани на оваа чекална за подобро здравство ќе ги охрабрат граѓаните, но и здравствените работници, да ја пријавуваат корупцијата, а во исто време ќе бидат поттик за надлежните институции порешително да се справуваат со овој сериозен проблем“, изјави Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ.

Покрај чекалната се поставени и две големи скулптурални форми кои ги претставуваат различните облици на корупција во здравството. Едната е коверт од кој излегуваат банкноти, како директна асоцијација на паричниот поткуп. Втората е големо пакување кафе, брендирано како „Кафе Врска“, кое на сатиричен начин алудира на ситните подароци како симбол на секојдневната корупција, особено во пониските нивоа на здравствениот систем.

Според истражувањето на Здружението ЕСЕ, давањето пари или подароци е најчеста форма на корупција во македонското јавно здравство. При тоа, во најголем дел од случаите мито се дава за болнички кревет или операција без чекање, како и за термин „преку ред“ кај доктор специјалист.

„Нашето истражување покажа дека жените, особено оние од ранливите категории, се поизложени на корупција во здравството. Еден од податоците кој го потврдува ова е дека една четвртина од испитаничките рекле дека имале коруптивно искуство при користење гинеколошко–акушерска здравствена заштита“, вели Јасминка Фришчиќ, извршна директорка на Здружение ЕСЕ.

Денешната герила акција не е насочена против здравствените работници туку против системските недостатоци и коруптивните практики кои наштетуваат на имиџот на оваа благородна професија, велат организаторите. Токму затоа, додаваат, во рамки на инсталацијата е содржана и порака на благодарност до илјадниците здравствени работници кои секојдневно работат посветено и пожртвувано за доброто на пациентите.

Тагови
реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Македонија

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Read more

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Read more

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Read more

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Read more

Вести

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Читај повеќе

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Читај повеќе

Дали е неизбежна нова војна на Блискиот Исток? 

Читај повеќе
Фото: Кајгана

Раководителки во АД Државна лотарија си го присвојувале дневниот промет 

Читај повеќе