Од саботата жителите на Општина Центар можат бесплатно да го одлагаат својот кабаст отпад на повеќе локации во неколку центарски маала.
Големите контејнери се поставени на ул. „Загребска“ кај КТК, „Борка Талевски“ кај „Вучко“ и „Антонио Грубишиќ“ кај кружниот тек во Дебар Маало, а помалите на „Киро Крстевски-Платник“, „Мирче Ацев“ (Пролет), „Кочо Рацин“ (Зелен пазар) и „Васил Ѓоргов“ во Капиштец.
Контејнерите ќе останат најмалку две недели и ќе се празнат редовно, а по потреба ќе бидат преместувани на други локации, соопштија од Општиан Центар.
„Поставивме наменски контејнери на повеќе локации во Центар за лесно и бесплатно одлагање на кабаст отпад и градежен шут, со цел да се спречи создавање на мини депонии и да се воспостави ред во јавниот простор“, рече градоначалникот Горан Герасимовски, кој се кандидира за втор мандат.