Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска без водоснабдување ќе останат следните корисници:
– поради изведување на водоводен приклучок од Ф-100 мм на улицата „Гемиџиска“ крак 1 и крак 2, во периодот од 8:30 часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во Општина Гази Баба;
– поради поставување на нов систем за автоматско управување во Хидрофор Бардовци со фрекветни регулатори постои можност за намален притисок или недостаток на вода во делови од Бардовци во периодот од 8:30 до 14:30 часот.