Работник со минималец добива само 17% од тоа што го создава во фирмата

Според податоците од Меѓународната организиација на трудот (ILO) индикаторот Бруто домашен производ по одработен час во долари, односно продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 долари по одработен час (1.768,00 денари).

Македонија, а пред сè македонските работници се продуктивни над светскиот просек (23,27 долари). Ако се пресмета на месечно ниво (168 работни часа), еден работник е продуктивен, односно создава 297.024 денари месечно.

Нето минималната плата во Македонија изнесува 24.379 денари месечно, а еден работник создава 297.024 денари месечно, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Тоа значи дека работник со минимална плата добива 17% од вредноста што просечно се создава месечно. Како што и претходно укажуваше Сојузот на синдикатите на Македонија, „газдите и функционерите ги држат работниците во сиромаштија, односно создадената вредност не се распределува пропорционално кон трудот, а уделот на платите во создадената вредност е релативно низок“.

Само 17% од создадената вредност одат во плата, а остатокот оди за профит, инвестиции, амортизација, даноци, трошоци на капитал и други расходи.

„Очигледно е дека намерата да се спречи растот на минималната плата не е до тоа колку биле или не биле продуктивни македонските работници, туку до тоа колку се богатат и владеат на работничкиот грб“, велат од ССМ.

Македонија има продуктивност над просекот на светско ниво и постои економски простор за раст на платите и покрај тоа што одредени експерти, газди и функционери убедуваа во спротивното.

Кај дел од земјите во регионот се гледа дека продуктивноста не е многу повисока од Македонија, а минималната плата е значително повисока.

Исто така покажува дека македонските работници не се на дното, туку се со релативно добра продуктивност блиску до Бугарија, а повисоко од Црна Гора, Србија, Босна и Албанија, но и покрај повисоката продуктивност во споредба со некои земји, минималната плата и генерално платите во Македонија се многу пониски во споредба со земјите од регионот.

„Како заклучок на сето ова произлегува дека работодавачите ги експлоатираат работниците, а власта ја поддржува оваа состојба“, велат од ССМ.

реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Македонија

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Read more

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Read more

Македонска пошта доби 100 нови возила

Read more

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Read more
 

Вести

Се отвора најдолгата железничка рута во ЕУ

Читај повеќе

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе