Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби, а секојдневното коалицирање со негирачи на независноста на Косово, негирачи на геноцидот во Сребреница и релативизатори на Охридскиот рамковен договор да го претставуваат како нормалност, реагира потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на соопштението на ВЛЕН.

„Според оваа логика, требало да биде обвинет Албин Курти затоа што се среќава со Александар Вучиќ, Доналд Трамп затоа што се среќава со претседателот на Кина, или кој било министер за надворешни работи во светот затоа што се среќава со своите колеги од земји со кои има несогласувања.

Дипломатијата не е средба со оние со кои се согласуваш. Дипломатијата постои токму за да се среќаваш со оние со кои не се согласуваш, за да ги браниш интересите на својата држава и да ги унапредуваш нејзините позиции.

Дипломатските средби се уставна и законска обврска. Коалицирањето е политички избор. Тоа се две сосем различни работи кои ВЛЕН или не знае да ги разликува, или се преправа дека не ги разликува.

Соопштението што го објавуваат е соопштение на Кабинетот на претседателот на Србија, кое ги изразува ставовите и приоритетите на српската страна, а не на Република Северна Македонија. Тоа е сосем нормална практика во секој дипломатски однос.

И денес повторно би се сретнал со секој свој соговорник, дури и кога не се согласувам со него, затоа што тоа е должност на министерот за надворешни работи. Но, никогаш не би избрал да коалицирам со оние што ја негираат независноста на Косово, го релативизираат геноцидот во Сребреница или ги поткопуваат правата на Албанците.

Тоа е разликата меѓу дипломатијата и политичкото потчинување. Токму таа разлика ВЛЕН денес очајнички се обидува да ја сокрие“, се додава во реакцијата на Османи.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Македонија

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Read more

Ангелов: Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење

Read more

По 6 години повторно отворена сувенирницата во Порта Македонија

Read more

Вести

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Читај повеќе

Зеленски: Путин подготвува тајна мобилизација и носи десетици илјади Севернокорејци

Читај повеќе

Во Охрид почнува Силно светнал ден – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи

Читај повеќе

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Читај повеќе
  • filter

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Читај повеќе

Црвена тревога во Грција: Прогласено највисоко ниво на подготвеност поради пожари

Читај повеќе

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Читај повеќе

Зеленски: Успешно ја завршивме 40-дневната операција, Русија има големи проблеми

Читај повеќе

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Читај повеќе