Рекордни 10.000 учесници го одбележаа јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 во најспектакуларното издание досега

Центарот на Скопје во саботата беше обоен во боите на радоста, насмевките и позитивната енергија на илјадници луѓе кои заедно испратија моќна порака за здрав живот и грижа за животната средина. Јубилејното десетто издание на настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка донесе рекордни 10.000 пријавени учесници и уште еднаш потврди дека станува збор за еден од нашите најомилени и најмасовни настани во земјата.

Јубилејната десетка беше одбележана на начин што долго ќе се памети. Во преполниот Градски парк, 10.000 учесници заедно со групата „Допамин“ го приредија најголемото караоке шоу досега, изведувајќи ја химната на „Вози право, вози здраво“, специјално напишана и компонирана за ова јубилејно издание. Илјадници гласови обединети во една песна создадоа единствен момент на кулминација на прекрасниот ден, кој претставуваше вистинска прослава на десетгодишната приказна на настанот.

Уште на самиот старт, просторот кај Порта „Македонија“ беше исполнет со семејства, деца, рекреативци и вљубеници во активниот начин на живот, а за атмосферата беше задолжен диџеј Коко. Велосипеди, тротинети, ролерки, скироли и бебешки колички се наредија на стартната позиција, а долгата колона учесници се движеше низ централното градско подрачје кон Градскиот парк. Насмеани лица и добро расположение ја следеа целата рута.

За одличната атмосфера во текот на целиот настан се погрижија водителите Марко Марк и Дaниела Станоевска Џидрова, заедно со актерот Гораст Цветковски, кои со својата енергија ги водеа илјадниците учесници низ програмата. На сцената традиционално беше присутен и Цако, долгогодишен пријател и поддржувач на настанот, кој повторно беше меѓу најзаслужните за насмевките на најмладите посетители, а секако тука беше и диџеј Иван кој е дел од овој настан уште од првото издание.

По пристигнувањето во Градскиот парк следуваше голема забава за сите генерации. Просторот беше исполнет со музика, игра и бројни содржини. Најмладите уживаа во дружењето со омилениот Петко и јунаците од 5+ Фамилија, додека сетовите на диџеј Иван ја одржуваа енергијата на високо ниво до самиот крај на настанот. Илјадници учесници го искористија денот за дружење, фотографирање и создавање спомени кои ќе ги паметат долго време.

Посебна возбуда предизвика традиционалната лотарија, која оваа година донесе најбогат награден фонд во историјата на „Вози право, вози здраво“. Среќните добитници заминаа дома со 10 Specialized велосипеди за деца, 10 GoPro камери, еден Specialized Road Bike, 10 Specialized велосипеди за возрасни, 10 Apple Watch часовници и 10 комплети велосипедска опрема што вклучуваа кацига, синџир за заклучување и предно и задно светло.

„Вози право, вози здраво“ е многу повеќе од рекреативен настан или ревијална трка. Тој стана симбол на заедничка грижа за поздрава животна средина, подобар квалитет на живот и развој на велосипедската култура во градот. Од година во година бројот на учесници расте, а со него и заедницата на луѓе кои веруваат дека малите промени во секојдневните навики можат да создадат голема разлика. Со рекордни 10.000 учесници, најголемото караоке шоу досега и атмосфера исполнета со радост, музика и заедништво, јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 испиша ново поглавје во својата приказна и постави високи стандарди за годините што следат.

реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Македонија

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени 

Read more

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Read more

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Read more

До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Read more

Вести

  • play_arrow

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени 

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците ќе одлучат за судбината на браќата Тејт

Читај повеќе

Авиосообраќајот во Европа: Што ќе се промени за патниците во 2027 година?

Читај повеќе

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Читај повеќе

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Енди Бернам  - новиот премиер на Велика Британија кој најавува големи промени

Читај повеќе

До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Трамп: Жестоко го нападнавме Иран во чест на убиените американски војници

Читај повеќе

Новите правила на ЕУ стапуваат на сила денес: Забрането е уништување на облека

Читај повеќе