Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: Никогаш немав намера да прикријам информација

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Во писмото, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по „неделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа“ во Комисијата. Вели дека целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во ДКСК, ја извршувала „законито, совесно и со најдобра намера“.

„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста“, наведува Ристовска во оставката.

Потенцира дека во секоја ситуација во која постоела можност за судир на интереси, побарала изземање согласно законот, и отфрла дека имала намера да прикрие информации.

„Напротив, ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет“, додава таа.

Претходно, ДКСК отвори два предмета за Ристовска, за проверка на судир на интереси и непријавување имот.

Ова е нов случај на оставка во Антикорупциската комисија за помалку од една година. Во 2025 година, оставка поднесе и тогашната претседателка Татјана Димитровска, откако против неа беше поднесен обвинителен предлог за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, поврзани со случајот „Адитив“.

реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Read more

Како да препознаете дека сте под премногу стрес: Обрнете внимание на неколку знаци

Read more

Македонија

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Read more

Левица: Власта го сведе животот на работникот на „препорака“ – газдата одлучува дали пеколните температури се доволно опасни

Read more

Од 9 часот ќе нема струја во дел од Центар и Сопиште

Read more

Денеска и во среда сончево и многу топло, в четврток пороен дожд, ветер и грмежи

Read more

Вести

Двојно подолго чекањето на европските аеродроми: Само Европејците можат да смислат нешто вакво

Читај повеќе
  • filter

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Читај повеќе

Еболата брзо се шири во ДР Конго: Бројот на смртни случаи надмина 2.000

Читај повеќе

Левица: Власта го сведе животот на работникот на „препорака“ – газдата одлучува дали пеколните температури се доволно опасни

Читај повеќе

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП: Зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Читај повеќе

Земја каде што има 30 милиони повеќе мажи од жени: Експресните бракови ги водат Кинезите во финансиски проблеми

Читај повеќе

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Читај повеќе

Од 9 часот ќе нема струја во дел од Центар и Сопиште

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Русија ги преплави украинските градови со балистички ракети: 5 мртви во Запорожје

Читај повеќе