Родителите на загинатите во Кочани на средба со Тошковски

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откако јавно му порачаа дека ќе чекаат да излезе пред нив. Тој излезе пред Министерството, но не за да разговараат туку да ги покани внатре, па влегоа на средба во Министерството. Министерот Тошковски побара да му веруваат дека истрагата нема да поштеди никого за кого има докази, но родтиелите кои влегоа на средбата речиси во еден глас му кажаа дека не му веруваат.

„Имате право и на тоа, но истрагата не е завршена. Разликата од она кое го правеле претходно до она кое сега го правиме е огромна. Сега 11 обвинители деноноќно работат на предметот. Го знам тоа затоа што го гледам. Неспоредливо е она кое се случувало претходно со она што се случува сега од аспект на процесни дејствија“, рече министерот Тошковски.

Тој објасни дека не поднел оставка од функцијата оти татко на починатиот полицаец, откога го погребал синот, забележал дека министерот се крши, му пришол и му рекол да издржи, да продолжи во борбата, да ја истера работата до крај и да не се повлекува.

Родителите на загинатите ги побараа обдукциските наоди за децата, се пожалија дека никој не знае кога му починало детето. Министерот немаше конкретен одговор но им кажа дека истрагата е во тек, а прашаа и зошто осомничените кои се во домашен притвор се шетаат по улици на што министерот одговори дека се подготвуваат кривични пријави.

Тошковски неколкупати на родителите им кажа дека го разбира гневот што го имаат кога тие прашаа зошто актуелни функционери и одговорни лица не одговараат, објасни дека и неговите деца плачеле и кажа дека има факти пред кои никој не смее да мижи.

„Актуелен министер е осомничен, факт. Актуелен командир на полициска станица е осомничен, актуелен директор на Дирекција за заштита и спасување е осомничен, дали е во притвор или не е во притвор е мерка за која одлучува Судот на начин на кој што одлучува, но факт е дека се осомничени. Актуелен градоначалник е осомничен и не само актуелниот туку и тој пред него и тој пред него“, рече министерот Тошковски на што родителите на загинатите му кажаа дека само ги пуштил на заслужен принуден одмор по дома и се побунија зошто не се во затвор.

Тошковски им се извини на родителите на загинатите поради тоа што во овој момент не може да им каже се што знае за случајот оти истрагата е во тек и ако каже нешто повеќе може да ја наруши.

„Не можам да ги соопштам сите детали ама ќе можам за месец и пол или два отсега. Ќе можам. Ветувам. Правда во овој случај мора да има ако сакаме да имаме нормална држава. Овие деца ако сакаме да имаме нормална држава не треба никогаш да бидат заборавени. Само така можеме да имаме правда“, рече министерот Тошковски.

Тогаш некои од родителите, револтирани од кажаното, прашаа затоа ли не направил комеморација за загинатите и зошто кажува дека ги посетил семејствата кога отишол само во семејството чиј зет му бил пријател, па настана мешаница меѓу родителите на загинатите. Се јави и мајката која беше посочена дека министерот ја посетил поради пријателство, но кажа дека првпат го гледа министерот и потсети дека таа ги организирала сите протести и маршеви. Во тој момент министерот Тошковски замоли медиумите и сите освен родителите на загинатите да излезат за да можат тие на само да поразговараат.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Македонија

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Read more

Без вода денеска дел од Карпош

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Read more

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Read more
 

Вести

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Читај повеќе

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Читај повеќе

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе