Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, откако Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги објави резултатите од меѓународното тестирање на 15-годишните ученици.

Јаневска посочи дека актуелната власт дошла во 2024 година, а тестирањето било спроведено само 6 месеци подоцна, во 2025 година. Според неа, резултатите од реформите што сега се спроведуваат во образовниот систем ќе можат да се видат за 9 до 10 години, кога учениците опфатени со нив ќе наполнат 15 години.

Резултатите од ПИСА 2025 покажуваат дека македонските ученици постигнале резултати под просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавањето компјутерски проблеми.

На тестот по математика, само 32% од учениците достигнале барем основно ниво на знаење, додека просекот на ОЕЦД е 65%. Во науката, речиси 36% од учениците ги совладале основните концепти, а ниту еден не ги достигнал највисоките нивоа 5 или 6. Во читањето, речиси 26% постигнале ниво 2 или повисоко, но ниту еден од тестираните ученици не го достигнал највисокото ниво.

Во однос на влијанието на технологијата, Јаневска рече дека постојат тези дека таа значително влијае врз резултатите на глобално ниво, но дека не може да се тврди дека причината е само вештачката интелигенција. Како можни фактори ги посочи и социјалните мрежи и неконтролираната употреба на телефони и таблети.

Според неа, децата мора да научат да читаат и пишуваат на традиционален начин и да ги развиваат моториката и умот, додека наставниците треба да ги научат како технологијата да ја користат за критичко размислување и анализа.

Јаневска додаде дека во голем број училишта во Македонија мобилните телефони не се користат во текот на училишниот ден, туку учениците ги оставаат во кутии или други места наменети за тоа.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Македонија

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Read more

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Read more

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Read more

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Read more

Вести

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Читај повеќе

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе

Маск: И така масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Читај повеќе
  • play_arrow

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Читај повеќе

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Читај повеќе

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Читај повеќе
  • play_arrow

Ескалација на протестите во Албанија: Студенти палат државни згради и банки, бараат оставка од Рама

Читај повеќе
  • filter

Хрватска ѝ постави 8 услови на Црна Гора за членството во ЕУ

Читај повеќе