СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Денеска го пуштаме во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум- пат кој беше заборавен. Пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите. И сега, конечно, го добиваме, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

Информираше дека со инвестиција од 11,7 милиони евра, реконструирани се 24,3 километри современ магистрален пат. Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување нова на сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше. Направени се и заштитни интервенции на ризичните косини- и сето тоа е со една цел: безбедност, сигурност и долготрајност.

„Овој пат, што денес го пуштаме, не поврзува со еден од најголемите духовни и туристички центри на Балканот – манастирскиот комплекс Св. Наум. Тој ги поврзува и сите плажи и туристички капацитети на јужниот дел од Охридското крајбрежје. И не само тоа- тој е и дел од регионалната врска со Република Албанија“, рече Мицкоски.

Според него, Охрид, градот под заштита на УНЕСКО, полека, но сигурно, го добива ликот на посакувана и пристапна европска дестинација.

„Но ова денес не е само пуштање на пат. Ова е уште една потврда за определбата на Владата- да се гради, без многу врева. Без партиски и бизнис спектакли. Со план, со јасна визија и многу работа. Во моментов, паралелно се градат неколку клучни патни правци. Автопатот Кичево- Охрид силно се забрзува, делниците Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани- Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во Западна Македонија. И тука не застануваме“, рече Мицкоски.

СДСМ: Мицкоски повторно промовира наш проект, овој пат обновата на патот Охрид – Св. Наум

Проектот за реконструкција на патниот правец во охридскиот регион е започнат од СДСМ уште во август 2023 година, како дел од сеопфатниот план на Владата предводеа од СДСМ за раст и развој на регионот, унапредување на туризмот и подобрување на патната инфраструктура кон граничните премини со соседните земји, велат од СДСМ.

„Средствата за овој проект, во вредност од 11,7 милиони евра, беа обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и истиот беше планиран, одобрен и започнат од претходната влада на СДСМ со реализација од околу 50%. До летната сезона во 2024 година комплетно се заврши реконструкцијата на патот од Св. Наум до пред селото Пештани и заради туристичката сезона имаше мал прекин на работите.  Претходно, во 2019 година беше започната и завршена реконструкција на патот од бензиската Билјанини извори до с. Коњско“, велат од СДСМ.

Дополнително, додаваат од таму, и цела Туристичка како главна магистрална трансверзала во градот во должина од 5,6 км по 60 години беше реконструирана исто така од страна на СДСМ.

„Токму во време на СДСМ беа рехабилитирани и обновени и патните правци кон граничните премини Блаце, Деве Баир, Ќафасан и Меџитлија. Ја поздравуваме довршувањето на проектот, но до кога власта ќе се кити со проекти на СДСМ. Кога ќе промовира Мицкоски некој проект од неговата Влада? Или тоа не може да се случи затоа што таков проект нема“, велат од СДСМ.

реклама

Македонија

Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

Read more

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Read more

Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Read more

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

Читај повеќе

Гласање за доверба: Кој ќе застане зад Фон дер Лајен, а кој ќе ја саботира?

Читај повеќе

Kолку чинат лежалките на плажите во Црна Гора?

Читај повеќе
  • play_arrow

24 повредени во масовен напад на пчели во Франција

Читај повеќе

Лавров ги соопшти руските услови за мир

Читај повеќе

Руте: Ако Кина го нападне Тајван, Си ќе побара од Путин да го нападне НАТО

Читај повеќе
  • play_arrow

ЕП им оддаде почит на жртвите од Сребреница: Србите мора да се соочат со болната вистина

Читај повеќе

Трамп најави царини до 40%, доларот зајакна

Читај повеќе
  • play_arrow

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Читај повеќе