СДСМ потврди: Стефан Богоев е уапсен

СДСМ со соопштение потврди дека е уапсен поранешниот градоначалник на Општина Карпош и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Од опозицијата велат дека премиерот, Христијан Мицкоски, со денови го најавувал неговото апсење и обвинија дека станува збор за политички прогон за дефокусирање на јавноста.

„На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш се отвора предмет за Стефан Богоев. Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај директно преку телефон? Дали има некој што може да каже дека ова е вистински или сепак станува збор за монтиран случај во денот кога Мицкоски добива критики, кога сите негови лаги пред граѓаните се на виделина?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека станува збор за политички прогон и обид за дефокусирање од критиките што доаѓаат од Европската Унија, откако уште еднаш се потврдило дека Македонија стои во место поради криминалот и корупцијата на власта и поради неспроведувањето на реформите.

„Тоа најдобро го знае самиот Мицкоски, кој денес се однесува како организатор на секој процес во државата. Мицкоски со неговите „чувства“ веќе со денови јавно го најавуваше ова апсење. Додека режира спектакли за јавноста, остануваат неодговорени многу сериозни прашања. Со месеци нема одговор што се случи со петте тони дрога што ја поминаа границата и завршија кај сестринската партија СНС. Нема одговорност за низа скандали кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ништо за 161 тендер за семејна фирма на Томовски, за 93 тендери за Мастеф, за 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, за 74 тендери за „Ленди Груп“, за 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ. Нема борбата против криминалот и корупцијата, нема реформи, нема напредок кон ЕУ“, велат од СДСМ.

Наместо институции што работат независно, додаваат од партијата, гледаме јавни најави на истраги и апсења од страна на премиерот Мицкоски, што, според СДСМ, ги потврдува сериозните сомнежи за целосно политичко влијание врз правосудниот систем.

„Оваа техника – прво најава, потоа апсење, па водење кампања против опозицијата – Вучиќ ја практикува со години. Мицкоски и тука работи по принципот copy-paste. Кога знаеме дека ВМРО изгуби околу 150.000 гласа и дека поради лагите на Мицкоски неговиот рејтинг сериозно опаѓа, граѓаните можат само да помислат дека и ова е уште една од познатите ПР-кампањи на ВМРО и организираната криминална група. Наместо резултати, гледаме спектакли. Наместо реформи, гледаме политички театар. Наместо одговори за реалните проблеми на граѓаните, гледаме обиди за дефокусирање на јавноста. Мицкоски постојано создава театар за јавноста. Театар има секој ден. Резултати нема. Затоа на Македонија ѝ се потребни независно судство, независно обвинителство и соработка со Европското јавно обвинителство“, велат од СДСМ.

реклама

Мохамед бин Салман ја одби понудата на Нетанјаху Израел да се бори против Хутите во Јемен

Read more

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Read more

Германија, Италија и Белгија бараат право да ги блокираат регулативите на ЕУ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Македонија

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколoшките жешки точки од Законот за животна средина

Read more

Утре променливо облачно и постудено

Read more

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Read more

Базенот во Карпош IV предаден на користење на Пливачката федерација

Read more

Вести

Таксират #28: Нов дом, 2 бини, 11 имиња од 7 држави!

Читај повеќе

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Читај повеќе

Полицијата распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколoшките жешки точки од Законот за животна средина

Читај повеќе

Утре променливо облачно и постудено

Читај повеќе

Маск го поддржа Трамп во критиките кон Зеленски: Отиде предалеку

Читај повеќе

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Читај повеќе

Кривична пријава за полициски раководител оти не казнил возач со истечена сообраќајна дозвола

Читај повеќе

Базенот во Карпош IV предаден на користење на Пливачката федерација

Читај повеќе