СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Владата на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група ВМРО – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе кои имаат бугарски пасоши. ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, соопшти СДСМ.

„Зошто го одбија? Затоа што пола Влада веднаш ќе требаше да си замине. Може во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши ама малцинства во Уставот – тоа не може. Ова е врв на лицемерие и лажење на граѓаните.

Со години ширеа хистерија, страв и лажен патриотизам. Ги лажеа граѓаните дека некој им го загрозува македонскиот идентитет, додека тие тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства.

Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори – цела мрежа на функционери на ВМРО-организираната криминална група со бугарски пасоши.

Додека Македонија намерно ја држат во изолација и создаваат конфликти со соседите, за себе одамна си ја обезбедиле европската иднина.

Одбивањето да се прифати предлог-законот на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика.

Признаа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.

Признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

Признаа дека НАТО е феноменална работа, дека ја гарантира безбедноста на државата и придонесува за подобра бизнис-клима.

И сега дојде време за уште едно признание – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе со бугарски пасоши.

Овие луѓе повеќе никого не можат да излажат. Прочитани се. Сега нека признаат и дека со години водеа лажна пропаганда само за да дојдат на власт и да ја блокираат европската иднина на Македонија. ВМРО-ОКГ е единица мерка за лага, лицемерие и политичка измама. Но, граѓаните веќе ја знаат вистината“, се наведува во соопштението на СДСМ.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Македонија

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Мицкоски: Со Клинички центар во близина на обиколницата може да привлекуваме пациенти и од соседните држави

Read more

Левица: Незаконската наплата за влез во Куклица е симбол на нефункционалноста на државата

Read more

Вести

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Читај повеќе

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Читај повеќе

60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот мора да ризикува, да оди по тесна греда

Читај повеќе

Доделени наградите „Предводници на одржливиот развој“ на Бизнис форумот за одржливост

Читај повеќе