Сексуалното образование оди на ревизија

Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средното образование по реакциите во јавноста, а програмата ќе биде подложена на ревизија, соопшти денеска министерката Весна Јаневска. На одлуката реагираше ХЕРА, од каде што оценуваат дека сексуалното образование е една од системските алатки за заштита на младите од насилство, злоупотреба и дезинформации.

Јаневска рече дека од Бирото за развој на образованието побарала детално да ја разгледа програмата, а најави дека и лично ќе се вклучи во нејзината ревизија.

„Ги повлековме програмата и предметот и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста, за да видиме дали навистина во програмата има нешто за што би можело да има забелешки“, рече министерката.

Според неа, програмата опфаќа теми за семејството, заштитата од сексуално преносливи болести и несакана бременост, родовата рамноправност и недискриминацијата меѓу половите.

Јаневска посочи дека предметот бил предвиден како изборен за средношколците од I до IV година и дека постојат научни докази за корисноста од сексуалното образование во периодот кога младите се соочуваат со овие прашања. Сепак, како што рече, обврска на министерот е да ги слушне забелешките што се однесуваат на образовниот систем.

На одлуката реагираше ХЕРА, од каде што изразија „сериозна загриженост“ поради повлекувањето на програмата и најавената ревизија.

Од организацијата сметаат дека сеопфатното сексуално образование не претставува закана за младите, туку може да биде системски одговор на сексуалното и врсничкото насилство, уцените, споделувањето интимни содржини без согласност, непланираните бремености, ХИВ и дезинформациите на интернет.

ХЕРА во реакцијата наведува податоци според кои 10% од децата на возраст од 12 до 17 години во земјава, односно речиси 12.000 деца, во период од една година биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологија. Според податоците што ги посочуваат, само 19% од анкетираните деца изјавиле дека добиле некаков вид сексуално образование.

Од ХЕРА наведуваат и дека во 2024 година 588 деца биле родени од мајки на возраст од 15 до 19 години, а како дополнителен аргумент за потребата од образование ги посочуваат и случаите на ХИВ.

„Повлекувањето на ССО нема да ги тргне ризиците, социјалните мрежи, насилниците, раните бремености, ХИВ или злоупотребата. Ќе го тргне само знаењето, правејќи ги младите уште поранливи“, велат од ХЕРА.

Организацијата бара науката и доказите да бидат основа за следните одлуки во врска со програмата, додека Јаневска најавува нејзино детално преиспитување пред да биде донесена понатамошна одлука.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Македонија

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Read more

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Read more

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Read more

Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Read more

Вести

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе

Маск: И така масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Читај повеќе
  • play_arrow

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Читај повеќе

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Читај повеќе

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Читај повеќе
  • play_arrow

Ескалација на протестите во Албанија: Студенти палат државни згради и банки, бараат оставка од Рама

Читај повеќе
  • filter

Хрватска ѝ постави 8 услови на Црна Гора за членството во ЕУ

Читај повеќе

Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Читај повеќе