Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите.

Од Обвинителството велат дека преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон. Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.

За таа цел во следните 2 дена, во соработка со волонтерите од „Супорт Кочани“, обвинителството ќе ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.

Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27.05 (вторник) до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.

Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.

„Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените“, велат од Обвинителството.

Воедно, како што се додава, сѐ уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот „Пулс“ – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.

Тоа може да се направи со пополнување на формуларот за пријава достапен на страницата на обвинителството, кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: istragakochani@jorm.mk.

реклама

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Како изгледаа трибините на натпреварот помеѓу Челси и Лос Анџелес?

Read more

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Read more

Македонија

17 јуни, 2018 година - Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа

Read more

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините

Read more

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more
 

Вести

Кривична за директор на „Комуналец“ во Кичево, отворил дива депонија

Читај повеќе

17 јуни, 2018 година - Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа

Читај повеќе

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините

Читај повеќе
  • play_arrow

Макрон ѝ шепка, Мелони превртува очи

Читај повеќе

Растат платите во ЕУ, дали ќе пораснат и цените?

Читај повеќе

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Читај повеќе

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Читај повеќе

На средношколците во Италија им е забрането да користат мобилни телефони на час

Читај повеќе