Мнозинство во советот одобри да се фрлат дополнителни 14 милиони денари на КК Работнички, по првичните 15 милиони денари (значи вкупно 29 милиони денари за 2026) за наводно извлекување на клубот од наводен долг кој никој не знае колкав е, обвинуваат од Шанса за Центар.
„На невиден и неутврден долг за кој никој не знае кој, кога и како го создал се фрлаат уште пари. И покрај тоа што проблемот се влече со години, а Државниот завод за ревизија утврди дека цела деценија општината не направила контрола врз клубот. Контрола уште нема, ама пари секако има“, велат од оваа граѓанска иницијатива.
Оттаму дпдаваат дека за видени проблеми како недостаток на тротоари на Водно и Тасино Чешмиче каде и мајки со колички и возрасни и деца мора да се движат по улица, многу многу не им се слуша во општината.
„За разлика од парите за Работнички кои секогаш ги има, иако нема отчет каде одат, за зони за смирен сообраќај за реоните Буњаковец, Тасино Чешмиче нема ништо во планот за јавни набавки за годинава“.