Сиљановска-Давкова: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше средба со Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска.

На средбата присуствуваа Горан Садикарио, директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов.

Сиљановска-Давкова укажа на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот и од антисемитизам.

За неа, Треблинка каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98% од македонската еврејска заедница е длабоко потресно искуство, но и споменик што сведочи за историските факти, како и причина за прераснување на одбележувањето во традиција.

Претседателката му се заблагодари на Баренбаум за експертското и човечко ангажирање во одбраната на историската вистина за Холокаустот врз македонските Евреи, особено за аргументираната заложба да се сочува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка, наспроти обидите за негова измена.

За професорот, присуството на претседателката, пратеници и претставници на македонската еврејска заедница на одбележувањето на 11 Март – Денот на депортацијата на македонските Евреи, во Треблинка, е од исклучителна важност.

Баренбаум потсети дека со испишувањето на имињата на македонските Eвреи на ѕидот во Меморијалниот комплекс, секоја жртва ќе добие траен спомен и заслужена заштита од заборав.

Тој укажа на важноста од документирање на историјата и едукација на младите генерации за Холокаустот во сите степени од образовниот процес, како и организирање студентски посети на Меморијалниот комплекс во Треблинка.

Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија информираше за тековните активности, меѓу кои и иницијативата за формирање на едукативен институт во негови рамки, како и за утрешната изложба посветена на еврејските партизани во Скопје.

реклама

Студени утра и магла викендов, од следната недела можност за дожд

Read more
Министерoт Тaрaвaри испрaтил ненaјaвенa инспекцијa нa Гинекoлoгијa

Министерoт Тaрaвaри испрaтил ненaјaвенa инспекцијa нa Гинекoлoгијa

Read more
Канческа-Милевска на суд за тендерите за изградба на Музејот на ВМРО

Канческа-Милевска на суд за тендерите за изградба на Музејот на ВМРО

Read more
„The Mule“ трејлер: Клинт Иствуд е 87-годишен дилер на дрога

„The Mule“ трејлер: Клинт Иствуд е 87-годишен дилер на дрога

Read more

Македонија

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Read more

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Read more

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Read more

Утре ќе се вози по изменет сообраќаен режим кон гробиштата во Скопје

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе