Сиљановска-Давкова: Време е да сфатиме дека Генералка викенд треба да прерасне во генералка 365 дена

Просторот околу скопскиот Аквадукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за животна средина Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска, неколкумина скопски градоначалници како и многумина еко-активисти на почетокот на тридневната национална акција за чистење „Генералка викенд“. Претседателката Сиљановска-Давкова рече дека е неопходен договор меѓу луѓето и природата во кој луѓето ќе гарантираат дека ќе ја штитат природата.

„Ние во правото велиме дека оној кој што е постар има посилни или поголеми права ама ај да се потсетиме на тоа, први настанале билките, па животните, па луѓето. Луѓето се однесуваат како натрапници во рајот. Тоа е факт. Ако не се смириме со природата ќе се самоубиеме, тоа е факт. Можеби е добро што почнувате од овде, ова е еден прекрасен Аквадукт, замислете од пред 2000 години. Ова треба да биде парк. Ние треба да си ја заштитиме природата оти штитејќи ја неа се штитиме себеси. Време е да сфатиме дека ‘Генералка викенд’ треба да прерасне во генералка 365 дена“, рече претседателката Сиљановска-Давкова и предложи следниот пат акцијата за чистење да почне од дворот на Собранието.

И министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кажа дека акциите како „Генералка викенд“ треба да станат секојдневие, а посебна грижа заслужуваат културните споменици како Аквадуктот.

Акцијата и годинава ја поддржа австриската амбасада. Амбасадорот Мартин Памер со неколкумина колеги се вклучи во чистењето кај Аквадуктот.

„Мора да бидеме свесни дека ова е многу важно за нас, за вас како луѓе кои живеат овде, но и за имиџот на земјата и туризмот“, рече австрискиот амбасадор во земјава, Памер.

На 29 локации во земјава на кои се спроведува акцијата „Генералка викенд“ волонтери од Црвениот крст се грижат за безбедноста на сите кои се вклучени во чистењето.

Акцијата за чистење „Генералка викенд“ ја организира „Мен енд Маунтен“ во соработка со „Пивара Скопје“, „Пакомак“, „Нула отпад“, „Шпаркасе банка“, ЕВН Македонија, „Макстил“, „Бучим Боров Дол“ и германската компанија „Костал“, а ја поддржаа локалните самоуправи и Министерството за животна средина.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Македонија

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Read more

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Read more

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Read more

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе