Скопје одбележува 81 година од ослободувањето

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред владината зграда.

На овој ден традиционално Град Скопје ја доделува наградата 13 Ноември на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на главниот град.

На 13 ноември 1944 година борците од 42. и 50. дивизија на Народноослободителната македонска војска и 16. Македонска бригада го ослободиле Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22. гренадирска германска дивизија, составена од 47. и 65. полк и делови од 11. воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која била распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегле во градот.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале 420 македонски борци, а вкупно за време на Втората светска војна животите ги положиле над 4.600 скопјани.

Македонија за време на Втората светска војна била на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои биле депортирани во концентрацискиот логор Треблинка од страна на бугарските и германските окупатори.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

Македонија

Агенцијата за храна забрани да се пие водата во Гостивар

Read more

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

Read more

Одбиен амандманот на Левица за покривање на трошоците на македонските репрезентативци

Read more

Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта продолжена до 20 октомври

Read more

Вести

Одбил да седне до жена поради шеријатскиот закон, па ја удрил стјуардесата оти одбила да го премести

Читај повеќе

Предложен притвор за Британец, фрлал камења кон инспектори во Куклица

Читај повеќе

Агенцијата за храна забрани да се пие водата во Гостивар

Читај повеќе

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

Читај повеќе

Одбиен амандманот на Левица за покривање на трошоците на македонските репрезентативци

Читај повеќе

Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта продолжена до 20 октомври

Читај повеќе

Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Читај повеќе

УЈП со повик до граѓаните да се регистрираат на системот е-Даночни услуги

Читај повеќе

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

Читај повеќе