СМС-кампања против комарците: Ќе бидат испратени околу 38.500 пораки до лицата над 60 години

На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци.

Во однос на епидемиолошката состојба, според последните податоци на ИЈЗ, заклучно со 18 август 2026 година, во Македонија се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска (36 потврдени и 2 веројатни), од кои 37 во скопскиот регион. На 11 август 2026 година, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на западнонилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел. Регистрирани се и 4 смртни случаи кај лица со невроинвазивна форма на болеста. Во тек на минатата недела (од 12 до 18 август) се пријавени 12 нови случаи. Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе контрола на активности за дезинсекција во сите општини. Продолжуваат систематските и вонредните (по епидемиолошка индикација) активности за ларвицидна и адултицидна дезинсекција – авионска и терестичка – на територијата на Град Скопје и општините Гази Баба, Кисела Вода (н. Драчево), Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Чучер Сандево и Велес. Заклучно со 14 август 2026 година спроведени се повеќе циклуси на третман, вклучително и дополнителни интервенции на застоени водени површини во засегнатите подрачја, истакна министерот Клековски.

Тој потсети дека со цел граѓаните од засегнатите подрачја навремено да добијат совети за лична заштита од убоди на комарци, во тек е СМС-кампања за информирање на населението. Во рамки на кампањата предвидено е да бидат испратени околу 38.500 пораки до граѓаните во засегнатите општини.

Вчера (18 август) испратени се 6.526 пораки – испраќањето започна во општина Петровец (1.554 пораки), а потоа продолжи во општина Гази Баба.

Дополнително ќе бидат испратени уште 31.365 пораки, кои постепено ќе бидат доставени до граѓаните во наредниот период.

Досегашните резултати покажуваат висок степен на ангажираност – до 70% од доставените пораки се прочитани од граѓаните и го посетиле линкот со дополнителни информации содржан во пораката.

Министерот потсети да се почитуваат препораките за заштита, како што се:

  • Отстранување застоена вода од дворовите (тацни од саксии, стари гуми, канти) и редовно чистење на олуци.
  • Поставување заштитни мрежи на прозорци и врати.
  • Избегнување престој надвор во зори и самрак, кога комарците се најактивни.
  • Носење облека со долги ракави и панталони и користење репеленти.
  • При појава на симптоми (висока температура, главоболка, вкочанетост на вратот и сл.) веднаш да се побара лекарска помош и да се извести докторот за евентуален престој во засегнатите подрачја.
реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Македонија

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Read more

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе