Со што се дрогираат Македонците?

Канабисот води по употреба, а возењето под дејство останува сериозен ризик - нови наоди од истражувањето за дроги во Македонија.

Канабисот останува најчесто користената дрога во Македонија, а повеќе од половина од неговите корисници признале дека седнале зад воланот во рок од четири часа по консумирањето. Овој алармантен податок е дел од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кој го анализираше однесувањето и навиките на корисниците на дроги во земјава. Истражувањето е дел од Европското веб истражување за дроги (European Web Survey on Drugs - EWSD), истражувачки проект кој се реализира под раководство на Агенцијата за дроги на Европската Унија. Оваа иницијатива за првпат беше спроведена во 2016 година, а досега е реализирана пет пати. Најновата рунда од 2024 година ги опфати повеќе од 30 држави, како членки на ЕУ, така и земји надвор од Унијата. Податоците се прибираат преку онлајн прашалник, кој е наменет за лица постари од 18 години што користат дроги. Македонија вторпат учествува во ова истражување во 2024 година, по своето прво вклучување во 2021.

Профил на испитаниците: Образовани, вработени, во најдобри години

Во истражувањето учествувале 862 испитаници, од кои 53,3% се мажи, а 45,6% жени. Најголем дел од нив се на возраст од 25 до 44 години, со доминација на групата од 35-44 години (34%). Интересно е што повеќе од половина од испитаниците имаат високо образование (56,9%), а речиси 70% се вработени со полно работно време. Ова укажува дека употребата на дроги не е ограничена само на маргинализирани групи, туку е присутна и кај добро образовани и вработени лица.

Канабисот на врвот, следат бензодиазепини и кокаин

Канабисот е најчесто користената дрога – 32% од испитаниците пријавиле дека го консумирале во последните 12 месеци. По него следат бензодиазепините (25,9%), CBD производите со низок THC (24,9%) и кокаинот (18,4%). Амфетамините, екстази/МДМА, магичните печурки и ЛСД се помалку застапени, додека хероинот, кетаминот и метамфетаминот се речиси маргинални (<3%).

Значаен е и податокот дека употребата на повеќе дроги во исто време е честа појава, што дополнително ги зголемува здравствените ризици за корисниците.

Мотивации и начини на употреба: Од стрес до социјализација

Главната причина за користење на канабис е ослободување од стрес и релаксација (68%), но значителен дел го користат и за социјализација (50%), подобрување на спиењето (50%) или справување со депресија и анксиозност (30%). Над 90% од корисниците консумираат недозволен канабис, а само мал дел го набавуваат легално во странство или со рецепт за медицински цели.

Канабисот најчесто се користи дома (72,7%), но и на отворено (50%), како и на јавни места, музички фестивали, клубови, па дури и на работното место или училиште. Вообичаено се комбинира со тутун и алкохол, а дел од корисниците го мешаат и со кокаин или амфетамини.

Кокаин и екстази – дроги на ноќниот живот

Кокаинот го користеле 18,4% од испитаниците, најчесто во прав, а речиси сите го комбинирале со алкохол (92,1%) и тутун (68,4%). Главната мотивација е социјализацијата и забава, а најчесто се користи во клубови, барови и на музички фестивали.

Екстази/МДМА користеле 9,3% од испитаниците, главно на фестивали и ноќни клубови, што ја потврдува неговата поврзаност со забавната сцена. Амфетамините ги користеле 10,7%, најчесто за да останат будни и да ги подобрат перформансите, особено во домашна атмосфера или на забави.

Нови психоактивни супстанции и ризици од непознат квалитет

Употребата на нови психоактивни супстанции (НПС) е релативно ниска (4,7%), но најчесто се користат стимуланси како синтетички катинони. Корисниците на НПС се мотивирани од желбата за подобрување на перформансите, љубопитност или ослободување од стрес.

Загрижувачки е што најголем дел од корисниците не се свесни за изворот или квалитетот на супстанциите што ги консумираат, особено канабисот, што го зголемува ризикот од неочекувани здравствени последици.

Мал интерес за третман, голем страв од стигма

И покрај високата употреба, многу мал број лица побарале помош или третман – само 1,5% за канабис и 1,4% за хероин во последните 12 месеци. Главните причини за избегнување третман се стравот од стигма, можни правни последици и недоверба во доверливоста на процесот.

Препораки: Поголема контрола и едукација

ИЈЗ препорачува засилено следење на домашните и увезените пазари на дроги, особено на интернет и социјалните мрежи, каде што се зголемува набавката на супстанции. Потребна е и поголема едукација за ризиците од употребата на дроги, како и намалување на стигмата за да се охрабрат корисниците да побараат помош.

Извештајот јасно покажува дека дрогите се реалност и кај образовани, работоспособни луѓе, а јавната безбедност и здравјето остануваат предизвик кој бара координиран одговор од институциите и општеството.

 

Тагови
реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Сончево време со температури до 19°C

Read more

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Read more

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Read more
 

Вести

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Читај повеќе

Сончево време со температури до 19°C

Читај повеќе

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Читај повеќе

Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Читај повеќе

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Читај повеќе