ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикати на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници.

Анкетата како што појаснуваат оттаму е спроведена за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија.

Целта на оваа анкета, велат, е да се утврди мислењето на работниците за тоа дали постои потреба од зголемување на минималната плата и кои активности треба да ги преземе ССМ во наредниот период.

„Со репрезентативен примерок од 1.613 испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) во период од 24 часа, Анкетата за висината на минималната плата во Македонија ги даде следните резултати:

  • На прашањето 'Колку треба да изнесува минималната плата?', од 1.613 одговори 45,2% сметаат дека минималната плата во Македонија треба да се зголеми на 600 евра, 42% од испитаниците сметаат дека истата треба да изнесува над 700 евра, а 12,8% од испитаниците сметаат дека минималната плата во Македонија треба да изнесува 500 евра.
  • 99,5% од испитаниците (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) сметаат дека минималната плата треба да се зголеми до крајот на тековната година.
  • 52,8% од испитаниците (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) доколку не се зголеми минималната плата се спремни да протестираат, а 47,2% се спремни да штрајкуваат, односно сите испитаници сметаат дека доколку не се зголеми минималната плата треба и да се протестира и да се штрајкува.

Заклучокот од Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија е дека барањето за зголемување на минималната плата не е желба на поединци, туку потреба на работниците во Македонија“, нагласуваат од Сојузот на Синдикати на Македонија.

реклама

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

7 декември 1941, Јапонија го извршила злогласниот напад на Перл Харбор

Read more

Македонија

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Read more

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Read more
 

Вести

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Читај повеќе

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе
  • play_arrow

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Читај повеќе

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Читај повеќе

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Читај повеќе

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Читај повеќе

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Читај повеќе

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Индија

Читај повеќе

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Читај повеќе