ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и нивните поддржувачи на протест за најмалку 500 евра минимална плата, 100 евра зголемување на сите други плати и почитување на колективните договори. Минатата година претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кога повикуваше на првомајски протест, рече дека од новата Влада ќе побара покачување на минималната плата уште во првите сто дена, но една година подоцна барањето не е исполнето, па и утрешниот првомајски протест ќе биде со истите барања.

„Нашите барања не се од денес, не почнаа вчера и нема да завршат утре. Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите што ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега, тие се најниски во регионот, а да не зборуваме и за пошироко. ССМ ги повикува сите што му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, Први мај, во 11 часот, да ни се приклучат на работничкиот протест со рута на движење Собрание – Стопанска комора – Влада. Денеска, синдикатите во Македонија имаат многу причини да излезат, да демонстрираат и да протестираат, а не да прославуваат. Денеска, имаме можност да покажеме дека сме тука за работниците“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

На утрешниот протест, Трендафилов, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема да има сендвичи, но ќе се протестира за работниците да може да се изборат не само за сендвич туку за да може да обезбедат далеку повеќе работи за семејствата.

Протестот ќе почне утре во 11 часот пред Работничкиот дом.

Поради најавениот протест во Скопје утре ќе има и посебен режим на сообраќај.

реклама

Македонија

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

ДУИ: Мицкоски го држи Меџити под контрола преку судско досие за нелегални градби во Чаир и штета од 72 милиона евра

Read more

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

Read more

Тајната на паметното купување? Во dm овие секојдневни производи чинат помалку отколку што мислите

Read more
 

Вести

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Читај повеќе

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Читај повеќе

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Читај повеќе

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе