ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти се игнорираат нивните барања минималната плата да се зголеми на 600 евра и сите останати за 100 евра, а најави и одлука за генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и денес објасни зошто само 21 работник ќе је блокира Владата.

„Зошто 21 човек? Затоа што тоа е законскиот минимум за да блокираме некоја институција или некоја сообраќајница. 21 човек затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат луѓето кои протестираат, дека ќе ги оцрнуваат луѓето кои ќе протестираат и дека на таков начин сакаат да упатат порака до секој еден кој смета дека треба да излезе на улица и да даде поддршка на работниците односно да се поддржи самиот себе во борбата за платите“, објасни претседателот на ССМ.

Потсети дека ССМ протестира оти Владата и газдите до 31 декември не се договорија за зголемување на платите.

„Владата ги остави работниците на минимална плата да се договараат со газдите за зголемување на минималната плата, а кога синдикатите и работодавачите минатата година се договорија за зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари и за таков начин Владата да даде сопствен придонес преку ослободување од плаќањето на придонесите за задолжително социјално осигурување, денеска поради самобендисаноста на поединци во Владата таа одлука го чини државниот буџет или државната каса најмалку 10 милиони евра месечно или најмалку 120 милиони евра годишно“, рече Трендафилов.

ССМ нема да сопре со активностите за зголемување на минималната лата со блокадата на Владата. Доколку повторно не наиде на соработка, Трендафилов најави генерален штрајк.

„Пред донесување одлука за генерален штрајк во јавниот и во приватниот сектор сме. Работниците бараат од ССМ да повика на генерален штрајк онака како што тоа го прават нивните колеги во Грција, Белгија, Франција и други држави. ССМ ќе донесе одлука за организирање на генерален штрајк и со таа одлука секој работник ќе биде заштитен. Генералниот штрајк, според размислувањата, треба да трае 24 часа и за време на штрајкот нема да се извршуваат работните задачи. Сметаме дека сите треба да застанеме рамо до рамо бидејќи видовме дека на маса не нè слушаат, а од улица нè слушаат“, најави претседателот на ССМ, Трендафилов.

ССМ по големиот протест во јануари, овој месец веќе ги блокираше Собранието и стопанските комори и од улица им порача на пратениците и на работодавачите дека нема да се откаже од барањето минималната плата да се зголеми на 600 евра, а сите останати да се зголемат за најмалку 100 евра.

И покрај протестот и блокадите на работниците Владата не се премисли и остана на ставот дека работниците треба да се договорат со работодавачите за зголемување на минималната плата, а онаму каде што Владата е работодавач, веќе договори зголемување на платите за 40% до 2028 година.

реклама

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Американска компанија стигна на Гренланд: Ќе дупчи за нафта без дозвола од локалните власти

Read more

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Read more

Македонија

Ангелов: Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење

Read more

По 6 години повторно отворена сувенирницата во Порта Македонија

Read more

ВЛЕН: Дали Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ

Read more

Сончево и многу топло со температури до 39 степени, попладне можен пороен дожд и грмежи

Read more

Вести

  • play_arrow

Судир на патнички и товарен воз во Хрватска, 20 повредени – 6 потешко

Читај повеќе

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Читај повеќе

Ангелов: Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење

Читај повеќе
  • filter

По 6 години повторно отворена сувенирницата во Порта Македонија

Читај повеќе

Американска компанија стигна на Гренланд: Ќе дупчи за нафта без дозвола од локалните власти

Читај повеќе

Италија го одби ултиматумот на Шпанија, Мадрид возвраќа со гранични контроли

Читај повеќе

ВЛЕН: Дали Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ

Читај повеќе

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Читај повеќе

Сончево и многу топло со температури до 39 степени, попладне можен пороен дожд и грмежи

Читај повеќе