ССНМ: Новинарите мора да имаат пристап до информации

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со загриженост констатира дека се појавува пракса во која Владата систематски одбива да одговара на новинарски прашања и го ограничува пристапот до информации од јавен интерес. Истата се повтори и на вчерашниот настан на кој владиниот Пи-ар одговараше селективно на новинарски прашања.

„Обврска на Владата е да комуницира транспарентно со јавноста. Молкот не смее да биде политика, а новинарските прашања не смеат да останат без одговор. На овој начин новинарите не можат да добијат верификација на информациите кои ги бараат, а прес-конференциите не смеат да се претворат во монолози без простор за прашања.

ССНМ потсетува дека ПР службата на Владата има јасна обврска да одговори на секое новинарско прашање — без право да толкува дали прашањето 'заслужува' одговор или не. Одлуката за тоа кои прашања се релевантни не се во надлежност на владините комуникациски служби — тоа е во надлежност на новинарите, медиумите и јавноста. Ваквата пракса не смее да продолжи.

Исто така, ССНМ бара од владините претставници задолжени за комуникација со медиумите да комуницираат со новинарите со почит и професионализам.

ССНМ бара Владата итно да воспостави редовна и отворена комуникација со медиумите, да овозможи пристап до информации од јавен интерес и да ги почитува стандардите на медиумската слобода загарантирани со Устав“, се наведува во соопштението на ССНМ.

Тагови
реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Read more

Македонија

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Read more

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме