Таравари го поддржа апсењето лекари: Сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство, Арбен Таравари, по вчерашната полициска акција која откри мрежа од 50 лица, кои со лажни дијагнози давале туѓа нега и инвалидски пензии.

„Првин се случи една акција во Геријатрија, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и следниот ден го исклучивме од партијата. Сите што грешат треба да одговараат. Ние не сме ниту полиција, ниту Јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето, меѓутоа ги поздравувам овие акции. И јас имам информации дека има такви доктори, не се сите, не сакам да генерализирам, но онаму каде што постојат сомнежи ги поддржувам со сета почит и стоиме како Министерство за здравство тука за да им помогнеме во сите вакви акции да се расчисти со криминалот и корупцијата“, рече министерот Таравари при денешната посета на кумановската болница.

Бирото за јавна безбедност, вчера, на територијата на повеќе градови во државава спроведе акција за сузбивање организиран криминал и корупција во здравствениот систем. Мрежа од 50 луѓе со прикажување лажни дијагнози овозможувале надоместок за туѓа нега и одобрувале инвалидски пензии. Во мрежата се откриени лекари, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице и управител на консултантско биро. Претреси вчера беа направени и во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии во кои работат осомничените лекари, односно во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, во Клиничката болница во Тетово и во ЈЗУ Општа болница – Велес. Против осомничените се поднесени кривични пријави за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластувањето, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.

реклама

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Македонија

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Read more

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Read more

Земјотрес во Пехчево и Берово

Read more

СДСМ бара ОЈО да отвори истрага за потрошените 5,5 милиони евра за прославата на Денот на независноста

Read more

Вести

Фон дер Лајен до Западен Балкан: Во ЕУ само по заслуга, за нашите вредности нема да преговараме

Читај повеќе

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Читај повеќе
  • filter

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Читај повеќе

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Читај повеќе

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Читај повеќе

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе