Таравари: Ме радува спојувањето на ВЛЕН, им посакувам успех

Министерот за здравство и лидер на едно од двете крила на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, им го честита спојувањето во една партија на досегашните коалициски партнери од ВЛЕН (ВРЕДИ) и најави дека, најверојатно, освен свои советнички листи, неговата партија ќе оди сама и со кандидати за градоначалници на локалните избори наесен.

„ВЛЕН се обедини. Им посакувам успех. Многу ме радува што се споија трите партии, подобро една партија отколку три. Им посакувам успех на изборите. Ние како Алијанса ќе излеземе со наши сопствени листи и, најверојатно, и со наши кандидати за градоначалници“, рече министерот Таравари.

Во партијата засега немаат одлука како ќе продолжат со работа петтемина пратеници од Алијансата за Албанците, кои се дел од коалицијата ВЛЕН, но ако се иницира прашањето, Таравари вели дека тие се подготвени да продолжат со работа како една пратеничка група, а ВЛЕН да си има своја пратеничка група.

Таравари и денеска рече дека е против предвремени парламентарни избори оти Владата и со нив и без нив има стабилно мнозинство, а дека целта им е да победат во што повеќе општини на локалните избори.

„Не сум за предвремени избори. И нашата партија има таков став, не сме за предвремени избори. Владата има стабилно мнозинство, без разлика дали ние сме или не сме во Владата. Сметам дека треба да има локални избори, на сите нам како политички партии многу ни е битно да излеземе со што подобри резултати на локалните избори. Ова ни е целта – да победиме во што повеќе општини, нормално, онаму каде што ќе можеме“, рече Таравари.

Таравари и денес рече дека со премиерот Христијан Мицкоски е во постојана комуникација и очекува да се сретнат деновиве. Немаат точен датум, но сигурно ќе се видат.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Македонија

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Read more

Без вода денеска дел од Карпош

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Read more

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Read more
 

Вести

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Читај повеќе

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Читај повеќе