Тимот на Клиника Жан Митрев со нов меѓународен натпревар во шутбал – walking football

Меѓународниот натпревар во шутбал – walking football се одигра меѓу екипите на Клиника Жан Митрев „Wild hogs“ и хрватскиот клуб „Mladi Starci“ од Загреб во присуство на лица од дипломатскиот кор на Хрватска, делегацијата на Здружението „Сриједе Вриједе“, авторизиран претставник на Хрватскиот фудбалски сојуз за промоција на овој вид спорт и публика. Двете екипи приредија инспиративен натпревар кој уште еднаш ја потврди силата на спортот да обединува, а средбата заврши во вистински фер-плеј, со нерешен резултат 2:2, а притоа, најголем победник беше самата идеја за шутбалот, новата спортска дисциплина која ја добива својата заслужена видливост и поддршка и во Македонија.

Настанот се одржа во организација на Клиника Жан Митрев, која е основоположник на овој спорт во нашата земја. Преку овој проект, Клиниката потврдува дека медицината и спортот можат да одат рака под рака кога целта е промоција на здравјето, физичката активност и инклузивноста. Со оваа средба, Македонија и Хрватска уште еднаш покажаа дека спортот е најдобар мост за пријателство и соработка, а шутбалот – новиот симбол на здравје и заедништво.

Дополнително, во просториите на Клиника Жан Митрев се одржа широк аудиториум за состојбите и условите во кој се развива овој спорт, а кој во светот добива неверојатна експанзија и се шири многу брзо. Беа разменети мислења, искуства и поставени се темели за посериозно понатамошно развивање на овој спорт, кој во Македонија навистина има голем потенцијал со оглед на тоа дека ова е спорт за лица во поодминати години и луѓе кои што сакаат да „стареат здраво“.

Walking football, познат и како шутбал, претставува револуција во спортот: игра без трчање, со акцент на одење, рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален избор за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани лица и за сите кои сакаат да водат активен и здрав животен стил.

Екипата на Клиника Жан Митрев „Wild hogs“ е веќе редовен учесник на меѓународни турнири, претставувајќи ја Македонија во овој спорт како основоположник, борец за развој и промотор на нешто што во европски и светски рамки е во апсолутна експанзија создавајќи свои национални лиги и федерации.

Со поддршка од ФИФА и УЕФА, овој спорт бележи глобален раст и станува препознаен како здравствено корисна и безбедна алтернатива на традиционалниот фудбал. Преку ваквите меѓународни натпревари, Клиника Жан Митрев ја зајакнува својата мисија, да создаде движење што ќе ја шири културата на спортот и здравиот начин на живот во Македонија и регионот.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Македонија

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени

Read more

Ќе нема вода во дел од Дебар Маало

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од север

Read more

Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец

Read more
 

Вести

Црна Гора со Рики Мартин и Дино Мерлин ќе прослави 20 години независност

Читај повеќе

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени

Читај повеќе

Мерц предлага: Западен Балкан како набљудувач во ЕУ, Украина како придружна членка без право на глас

Читај повеќе

Албанските студенти најавија протест во Тирана за поддршка на студентите од Македонија

Читај повеќе

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: Затворени училиштата

Читај повеќе

Трамп: САД ја ослободуваат Куба, нема да има ескалација

Читај повеќе

Дрвјата ублажуваат речиси половина од урбаното затоплување, но не таму каде што е најпотребно

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Читај повеќе

Украина уништи руски центар за беспилотни летала во Донецк

Читај повеќе