ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Компанијата „ТИТАН Усје“ соопшти дека емисиите од нејзиното работење постојано се под граничните вредности утврдени со закон.

Според соопштението, од 2007 година емисиите се следат 24 часа дневно, во текот на целата година, преку независен автоматски систем за мониторинг, кој ги мери вкупната прашина, SO₂ и NOх, а резултатите се контролирани од надлежните институции.

Компанијата наведува дека технолошкиот процес не дозволува работа на погонот доколку филтрите не функционираат, односно производството автоматски запира во таков случај.

Во однос на загадувањето на воздухот, од „ТИТАН Усје“ тврдат дека немаат влијание врз зголемувањето на PM10 честичките. Посочуваат дека паралелните мерења во кругот на фабриката не покажале поврзаност со вредностите измерени на други мерни станици во градот.

Работењето на компанијата, како што се наведува, е под постојан надзор на Државниот инспекторат за животна средина.

Дополнително, од компанијата објаснуваат дека печките работат континуирано – 24 часа, или воопшто не работат, додека производството на цемент е поинтензивно во летните месеци поради зголемената побарувачка.

Од „ТИТАН Усје“ ги повикаа граѓаните, невладините организации и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и директно да се информираат за нејзиното работење.

реклама

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Read more

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Read more

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Read more

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

Македонија

Мицкоски се пофали: Повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата

Read more

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Read more

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more
 

Вести

Мицкоски се пофали: Повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата

Читај повеќе

Лидерот на словенечката десница „ја смени песната“ за соработка со Јанша

Читај повеќе

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Читај повеќе

Истекоа отстапките од санкциите за руската нафта, САД се чини дека не ги продолжиле

Читај повеќе

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Читај повеќе

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Читај повеќе

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Читај повеќе

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Читај повеќе

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе