Трамп: САД ќе го преземат Гренланд на полесен или на потежок начин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно се закани со преземање на Гренланд, порачувајќи дека САД ќе го сторат тоа „на полесен или на потежок начин“, без оглед на ставот на Данска.

„Ќе преземеме нешто во врска со Гренланд, им се допаѓало тоа ним или не, затоа што ако ние не го направиме тоа, Русија или Кина ќе го преземат Гренланд, а ние не сакаме Русија или Кина да ни бидат соседи“, изјави Трамп, одговарајќи на новинарски прашања.

Додаде дека би претпочитал да се постигне договор, но остави отворена закана.

„Би сакал ова да го решиме со договор, знаете, на полесен начин. Но, ако тоа не го направиме на полесен начин, ќе го направиме на потежок начин“, рече Трамп.

И покрај предупредувањата од данската премиерка Мете Фредериксен, која неодамна изјави дека американски напад врз Гренланд би значел крај на НАТО, Трамп продолжи да тврди дека ја поддржува Алијансата и тврди дека без неговата политика НАТО не би опстанал.

Идејата за американско преземање на Гренланд датира уште од 2019 година, кога Трамп прв пат јавно ја спомена за време на својот прв претседателски мандат. Предлогот и тогаш наиде на брзо противење од данските и гренландските лидери.

Тој повторно ја актуелизираше темата во последните недели, особено по американскиот напад врз Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, настан што ја отсликува сè поофанзивната позиција на Белата куќа.

Во меѓувреме, жителите на Гренланд повеќепати ја изразија својата одбивност да станат дел од САД – според анкета од 2025 година, 85% од населението ја отфрла таа идеја. Истражувањата, исто така, покажуваат дека само 7% од Американците поддржуваат можна американска воена интервенција на најголемиот остров во светот.

Тагови
реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Read more

Македонија

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Read more

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Read more

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Read more

Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба

Read more
 

Вести

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец

Читај повеќе

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе
  • play_arrow

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Читај повеќе

Сведоштво од Иран: Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите

Читај повеќе

Нови израелски напади врз Газа: Убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Читај повеќе

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Читај повеќе

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Читај повеќе

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Читај повеќе

Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба

Читај повеќе