Трендафилов ги повика работниците на протест на 14 март

Сојузот на синдикати на Македонија најави протест за 14 март. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ги повикува работниците да си дадат поддршка самите на себе, да застанат во првите борбени линии за зголемување на нивните плати, а најави и превоз за протестот.

„Ние ќе продолжиме и понатаму да се бориме за зголемување на вашите работнички плати, но мора да почнете да се борите и вие за зголемување на вашите плати“, вели Трендафилов.

Протестот ќе почне во 12:05 часот пред Работничкиот дом во Скопје, а ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.

„Нема простор за изговор, затоа што протестот е во неработен ден за најголем број на работници. Ќе организираме и превоз. Ако не протестирате вие, тие мислат дека добро живеете и дека и тие 1.667 денари колку што планираат да ја усогласат минималната плата ви се повеќе од доволно. Даваме шанса на секој еден работник, да излезе на улица рамо до рамо и да се бори за својата плата“, вели Трендафилов.

Тој ги повика членовите на ССМ, но и работниците од другите синдикати да се приклучат на протестот.

„ССМ ги повикува сите работници, членовите на синдикатите здружени во ССМ, ги повикуваме дури и работниците членови на другите синдикати чии лидери ги продадоа за паушал од 15.000 денари месечно и прифатија 1667 денари усогласување на минималната плата, да се придружат кон Протестот. Ги повикуваме работниците да си дадат поддршка самите на себе, да застанат во првите борбени линии за зголемување на нивните плати. Ние ќе продолжиме и понатаму да се бориме за зголемување на Вашите работнички плати, но мора да почнете да се борите и вие за зголемување на вашите плати. И на крај, ги отфрламе сите политички игри на грбот и на маката на работниците, сите политички игри кои се правеа и сите политички игри кои планираат и ќе се обидат да се прават и во наредниот период. Политичарите, да сакаа да им ги зголемат платите на работниците, веќе ќе го направеа тоа кога се власт и несмеат да ги поддржуваат работниците само кога се опозиција, и едните и другите“, вели Трендафилов.

На новинарското прашање кое се однесуваше на тоа кои се следните чекори по најавениот протест, доколку Владата се оглуши на истиот, претседателот на ССМ рече:

„Работничката борба не е спринт, работничката борба е маратон… Ние покажавме дека секој ден, секој час, секој месец и секоја година можеме да бидеме на улици и тоа го покажавме 8-9 години наназад. Тоа што ние ќе продолжиме да го правиме како Сојуз на синдикати на Македонија е дека нема да престанеме да се бориме и нема да ја продадеме работничката борба и нема да ги предадеме работниците. Генералниот штрајк ќе се одржи, а тогаш поддршката која ќе треба да ја дадат работниците треба да бидат тројно поголема од таа што ќе ја дадоа на протестот во месец јануари и од тоа што ќе ја дадат на протестот на 14-ти март. Се во спротивно ќе значи легитимирање на ваквите лоши политики на сметка на работничките плати, се во спротивно ќе значи ветер во грб на газдите и на Владата, се во спротивно ќе значи дека ќе продолжите како работници да си разговарате во вашите семејства, јас со моето, вие со вашето како е тежок животот во Македонија, ќе продолжите да разговарате со вашите пријатели, ќе продолжите да разговарате со вашите колеги, но ќе треба да запамтите дека ништо не се направиле за да го подобрите тоа и да го унапредите тоа”.

Тагови
реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Македонија

Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден Илинден – 1903 година

Read more

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Read more

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Read more

Македонска пошта доби 100 нови возила

Read more
 

Вести

Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден Илинден – 1903 година

Читај повеќе

Се отвора најдолгата железничка рута во ЕУ

Читај повеќе

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе