УЈП испрати речиси 863.000 даночни пријави: Граѓаните имаат рок до 31 мај да ги проверат

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека во законскиот рок 30 април 2026 година, заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто изгенерирани се вкупно 862.896 даночни пријави.

Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на МојДДВ или на е-поштата регистрирана во УЈП. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има обврска да ја провери и потврди годишната даночна пријава доколку податоците се точни и е опфатен целиот остварен доход за претходната година, да ја дополни со доходот кој не е опфатен или да ја коригира доколку утврди дека некој од износите не е точен.

„Во оваа насока, ги повикуваме сите граѓани, најдоцна до 31.05.2026 година, да направат увид во ДЛД-ГДП на нивните кориснички профили на системот е-Даночни услуги. Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот е-Даночни услуги, за да можат да извршат увид во својата ДЛД-ГДП, во најкраток можен рок потребно е да се регистрираат на системоте-Даночни услуги. По истекот на законскиот рок за потврдување на годишните даночни пријави, пријавите кои не се потврдени/коригирани ќе се сметаат за конечни“, велат од УЈП.

Remote video URL

Годишните даночни пријави кои се коригирани од страна на физичките лица, треба да се одобрат од страна на службено лице од Управа за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2025 година.

Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува веќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот и да ја внесат својата трансакциска сметка.

Зошто е важно да ја проверите својата ДЛД-ГДП?

•Според податоците од ДЛД-ГДП, Управата за јавни приходи издава уверение за остварен доход и дава податоци до други органи кои одлучуваат за права на граѓаните. Овие податоци може да бидат одлучувачки за остварување на Вашите права!
•Дополнително, доколку во 2025 година сте оствариле доход повисок од 2.000.000 денари по основ на изнајмување деловен простор во земјата, давање менаџерски, правни, економски, инженерски, занаетчиски услуги, давање приватни часови на ученици и студенти, од продажба на земјоделски производи или друг доход кој произлегува од континуирано вршење оданочив промет (http://www.ujp.gov.mk/e/javnost/soopstenija/pogledni/1182), треба да се регистрирате за цели на ДДВ, или Управата за јавни приходи по службена должност може да Ве регистрира како ДДВ обврзник врз основа на податоците од ДЛД-ГДП.

Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот).

За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход, плаќање и враќање на данок можете да се обратите на [email protected], или на некој од контакт телефоните во Контакт центарот: 02 3253 200 или на 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

Тагови
реклама

Македонија

Мицкоски објави документ од 2023: Владата на СДСМ и ДУИ одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка на Мацура

Read more

Ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Read more

Паѓа продажбата на станови во Македонија, сè повеќе луѓе одат „под кирија“

Read more

Крмов до Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

Read more

Вести

Русија во една база собра 47 бомбардери способни да носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

Мицкоски објави документ од 2023: Владата на СДСМ и ДУИ одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка на Мацура

Читај повеќе

Ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Читај повеќе

Кушнер: Утре патуваме во Москва на средба со Путин

Читај повеќе

Прегазена 74-годишна битолчанка

Читај повеќе

Дојави за бомби во 300 училишта низ Италија

Читај повеќе

Паѓа продажбата на станови во Македонија, сè повеќе луѓе одат „под кирија“

Читај повеќе

Украина го одби американскиот план

Читај повеќе

Германската војска престанува да користи дронови од кинеско производство

Читај повеќе