УЈП со повик до граѓаните да се регистрираат на системот е-Даночни услуги

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека се преземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена.

По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена.

Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на Управата за јавни приходи преку електронската пошта info@ujp.gov.mk се проследени персонализирани пораки со насока за понатамошно постапување.

„Доколку сте дел од овие граѓани Ве повикуваме да се обратите до надлежната канцеларија на Управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, со цел овластено службено лице да Ви ја одобри регистрацијата“, велат од УЈП.

Зошто е важно да имате валиден и активен кориснички профил во системот е-Даночни услуги?

– Ви овозможува користење на услуги преку порталот за електронски услуги – https://uslugi.gov.mk/.

– Ви овозможува увид во податоците од Вашата Годишна даночна пријава за данок на личен доход – ДЛД-ГДП.

– Ви овозможува остварување на права како од надлежност на Управата за јавни приходи – издавање на уверение за остварен доход, така и од други институции.

– Управата за јавни приходи доставува податоци до други институции кои одлучуваат за остварување на права на граѓаните. Овие податоци можат да бидат одлучувачки за остварување на Вашите права.

– Ви овозможува користење на право утврдено со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица – за да скенирате фискални сметки преку во апликацијата МојДДВ потребно е да имате кориснички профил во системот е-Даночни услуги (Е-ППД).

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на електронската адреса info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

Тагови
реклама

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Македонија

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Read more

Ангелов: Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење

Read more

По 6 години повторно отворена сувенирницата во Порта Македонија

Read more

Вести

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Читај повеќе

Зеленски: Путин подготвува тајна мобилизација и носи десетици илјади Севернокорејци

Читај повеќе

Во Охрид почнува Силно светнал ден – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи

Читај повеќе

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Читај повеќе
  • filter

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Читај повеќе

Црвена тревога во Грција: Прогласено највисоко ниво на подготвеност поради пожари

Читај повеќе

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Читај повеќе

Зеленски: Успешно ја завршивме 40-дневната операција, Русија има големи проблеми

Читај повеќе

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Читај повеќе