УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса.

Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела вкупно 960 теренски контроли за фискализација, што е зголемување за 5% во однос на истиот период во 2025 година.

Со контролите биле опфатени различни типови деловни субјекти:

  • 434 угостителски објекти,
  • 318 трговски објекти,
  • 201 услужен објект,
  • 7 приредувачи на игри на среќа.

Контролите биле реализирани врз основа на пријави од граѓани преку линијата 198, интерни анализи на УЈП и координација со други надлежни институции.

За одбележување е фактот дека граѓаните се охрабриле повеќе да пријавуваат неправилности преку Контакт центарот и Инфо линијата на УЈП, велат од Управата.

Така, во овој период пристигнати се вкупно 887 пријави од граѓани, што е зголемување за 36% во однос на минатогодишниот број на пријави.

УЈП потсетува дека граѓаните можат директно да пријавуваат неправилности и преку апликацијата МојДДВ.

„Кај 395 субјекти се констатирани неправилности согласно ЗРГП. Загрижува фактот што бројот на субјекти со утврдени неправилности бележи раст и покрај континуираните мерки на УЈП. Додека минатата година неправилности биле утврдени кај 32% од контролираните субјекти, оваа година тој процент е зголемен на 42%. За утврдените неправилности во првите четири месеци од 2026 година изречени се глоби на правното лице и одговорното лице кај 395 субјекти“, велат од УЈП.

Најчеста неправилност и понатаму останува неиздавањето фискални сметки, при што во првите четири месеци од 2026 година се изречени 242 глоби по овој основ.

Значителен раст е евидентиран и кај прекршоците поврзани со невоведување фискален систем, каде бројот на изречени глоби е зголемен од 7 на 32 во споредба со минатата година.

Поради повторено неиздавање фискални сметки во период од две години, на 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност – запечатување на објектите.

Управата за јавни приходи најавува засилено теренско присуство со зголемен број на контролори на територијата на целата држава. УЈП веќе постапува согласно нова методологија на контроли, што вклучува и вкрстени проверки за утврдување на веродостојноста на прикажаните приходи кај даночните обврзници.

„Насочени сме кон откривање на моделите, ризиците и механизмите преку кои се создава неевидентираниот промет, не само да констатираме разлики, туку на разоткривање на тековите на неформалните економски активности и непријавените даноци. На даночните обврзници кај кои е утврден неевидентиран промет им се укажува истиот доброволно да го евидентираат во книговодствената евиденција и соодветно да го прикажат во даночните пријави. Доколку даночните обврзници не извршат доброволно усогласување, УЈП ќе спроведува дополнителни даночни контроли и ќе преземе санкции согласно законските прописи. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите, сузбивање на сивата економија и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници“, велат од УЈП.

Тагови
реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Македонија

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Read more

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов со чие возило беше прегазена Фросина

Read more

Рекордни 10.000 учесници го одбележаа јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 во најспектакуларното издание досега

Read more

Кривична за поранешен директор на Национални шуми, на 6 фирми им продал поевтини дрва

Read more

Вести

ЕУ откри колку досега ја чинела војната на Блискиот Исток

Читај повеќе

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Читај повеќе

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов со чие возило беше прегазена Фросина

Читај повеќе

Управувајќи велосипед паднала во одводна шахта: Тешко повредена скопјанка

Читај повеќе
  • filter

Рекордни 10.000 учесници го одбележаа јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 во најспектакуларното издание досега

Читај повеќе

Кривична за поранешен директор на Национални шуми, на 6 фирми им продал поевтини дрва

Читај повеќе

Си се сретна со Ким: Почнува нова ера во односите меѓу Кина и Северна Кореја

Читај повеќе

Курти победи на изборите во Косово, но нема мнозинство

Читај повеќе

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Читај повеќе