УКИМ одбележува 76 години од основањето

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, најстарата и најголема високообразовна институција во земјава, годинава одбележува 76 години од своето основање. По тој повод, Универзитетот организира тридневна програма на настани кои ќе се одржат на 22, 23 и 30 мај, како дел од чествувањето на јубилејот и патрониот празник – Денот на светите Кирил и Методиј.

Свеченостите ќе започнат на 22 мај (четврток) со концерт на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во Дом на АРМ.

Централниот настан ќе се одржи на 23 мај (петок), и истиот ќе започне на платото пред Ректоратот, кадешто ќе се положи цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, а потоа програмата ќе продолжи во свечената аула на Универзитетот. Предвидени се обраќања на ректорката, проф. д-р Биљана Ангелова и претседателот на Универзитетското студентско собрание, Александар Николовски, по што ќе следи свечено доделување на награди за најдобрите дипломирани студенти за учебната 2023/2024 година, како и доделување на наградата 26 Јули од Фондацијата „Франк Манинг“. Настанот ќе биде збогатен со уметничка програма на студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Одбележувањето на годишнината ќе продолжи и на 30 мај (петок), со уште еден значаен настан – свечено доделување на титулата почесен професор (professor honoris causa) на професор д-р Питер Марк од Универзитетот „Рур“ во Бохум, Германија. И овој ден ќе биде придружен со пригодна уметничка програма.

„УКИМ останува симбол на академска извонредност, научен развој и општествена одговорност. Веќе 76 години сме двигатели на знаењето, критичката мисла и прогресот во нашето општество. Денес, УКИМ е дом на илјадници студенти, наставници и истражувачи кои го градат патот кон иднината“, наведоа од УКИМ.

Прославата на 76 годишнината на УКИМ е потсетник за улогата што Универзитетот ја има како темел на академскиот развој во земјата и најдоброто место за отпочнување и градење на успешна професионална иднина.

Тагови
реклама

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Македонија

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос, очекува плодни резултати

Read more

Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Read more

Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

Read more

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Read more
 

Вести

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос, очекува плодни резултати

Читај повеќе

Кина соопшти дека е поканета да се приклучи на „Одборот за мир“ на Трамп

Читај повеќе

Болсонаро планира да си ја намали затворската казна со читање книги

Читај повеќе

Вдовицата на Чарли Кирк бара брзо судење за убиството на нејзиниот сопруг

Читај повеќе

Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Читај повеќе

Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе