Условите се европски: Мицкоски се возеше во Градскиот воз

Со симболичното патување на релацијата Зелениково – Нова железничка станица Скопје денеска официјално беше пуштена во функција првата фаза од проектот „Градски воз“, со кој периферните населени места и општини се поврзуваат со централното подрачје на Скопје. 

На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“, градоначалникот на Град Скопје и дел од скопските градоначалници.

Вицепремиерот Александар Николоски истакна дека ова е почеток на реализацијата на визија за поефикасен јавен превоз, поголема мобилност и подобра заштита на животната средина.

„Реализацијата на градскиот воз е доказ дека кога се има јасен план, концепт и визија, може да се реализираат проекти и е уште поголем доказ, дека нешто што пред две години се сметаше за заборавено и напуштено, а тоа е железничкиот превоз, еве после две години се враќа во превоз. Ако пред две години имавме напуштени и девастирани пруги, железнички станици кои што беа затворени и се распаѓаа, возови кои што не работеа и бројни композиции лежеа на македонските пруги, еве денеска после две години имаме јасен и активен карго превоз, а од вчера веќе имаме и градски воз“, истакна Николоски.

Тој посочи дека Владата го исполни ветувањето дека првата фаза од градскиот воз ќе започне на 1 септември и порача што повеќе граѓани и млади да го користат во секојдневието.

„Ветивме дека првата линија ќе почне на 1 септември и така се случи, се надевам дека ќе ја користат многумина, се надевам дека многу ќе помогне и на учениците и на средношколците, на сите оние кои што сакаат навреме да стигнат на своите работни места, пензионерите и ќе ја користиме сите ние”, рече заменик претседателот на Владата.

„Со реализацијата на Коридорите 8 и 10 и со реализацијата на вакви проекти, Македонија навистина станува раскрница на Балканот”, рече Николоски.

Како што оцени Мицкоски, една година е прилично брз период за да се реализира овој проект.

„Можам од лично искуство да кажам дека условите во коишто денеска ја поминавме делницата од Зелениково до оваа Централна железничка станица во центарот на Скопје, се навистина европски.

Дали со ова ги решаваме сите проблеми на светот коишто во суштина ги имаме? Нема да ги решиме, но дали е ова чекор напред? Да, е чекор напред во делот на решавање на дел од проблемите со кои што се соочуваме, посебно во транспортот и посебно во делот на заштитата на животната средина и загадувањето, имајќи предвид дека пред нас е и грејната сезона и предизвиците коишто доаѓаат со таа грејна сезона“.

Преку реализацијата на проектите додаде тој, се стекнува кредибилитет, а преку кредибилитет се менува и перцепцијата за самата држава и за системот којшто го управува владата.

Мицкоски посака уште многу проекти во следните денови.

Remote video URL

Изрази благодарност до сите коишто беа вклучени во овој проект.

„Повторно ќе кажам, до потпретседателот на Влада и министер за транспорт, до заменикот-министер за транспорт, до сите вработени во Министерството за транспорт, до директорите во „Македонска железница, инфраструктура и транспорт“, до управните одбори, вработените во тие институции, градоначалникот на Град Скопје, градоначалниците од Градот Скопје, но и до градоначалникот од Зелениково кој е тука денеска со нас, кој исто така даваше несебична поддршка при реализација на овој проект.

Впрочем, и жителите на Општина Зелениково ќе бидат корисници на оваа линија и за многу кратко време од Зелениково ќе се стига во центарот на Скопје“.

Тагови
реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Македонија

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Read more

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе