Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.
Во западните делови ќе дува западен ветер, додека долж Повардарието ќе преовладува северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 20.
Според прогнозата, и во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање.