В недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување на Скопскиот маратон

На 5 октомври, недела, со почеток во 8:00 часот, ќе се одржи Скопскиот Маратон 2025. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Фото: Wizz Air Скопски маратон

Маратонот ќе се одвива со следните траси на движење:

– траса на движење на трката од 5 км: старт на ул. „11-ти Октомври“ (кај Зелен пазар), право по ул. „11-ти Октомври“, лево по бул. „Крушевска Република“, десно по бул. „3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул. „3-та Македонска Бригада“ и ул. „Васко Карангелевски“ и по истата траса назад до целта – Плоштад „Македонија“ на ул. „11-ти Октомври“

– траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати): старт Собрание на РСМ на ул. „11-ти Октомври“, право кон Рекорд односно по ул. „Димитрие Чуповски“, право по ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул. „Војвода Васил Чакаларов“, сѐ до крстосница со ул. „Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса сѐ до Собрание на РСМ на ул. „11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул. „11-ти Октомври“, лево по бул. „Крушевска Република“, десно по бул. „3-та Македонска Бригада“, лево по ул. „Васко Карангелевски“, десно по бул. „Јане Сандански“ сѐ до крстосница со бул. „Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул. „Јане Сандански“ сѐ до крстосница со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул. „Васко Карангелевски“, десно по ул. „Васко Карангелевски“, десно по бул. „3-та Македонска Бригада“, лево по бул. „Крушевска Република“, десно по ул. „11-ти Октомври“ до целта- Плоштад „Македонија“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива настанот.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Македонија

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Read more

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Read more

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Како пиун на Радев, ставовите и барањата на Филипче не се разликуваат од бугарските

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе