Вардариште е канцер – граѓаните денеска повторно на протест во Ново Лисиче

И синоќа, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалеа дека се чувствува мирис на изгорено во воздухот и не се дише.

По вчерашниот протест и кратката блокада кај мостот „Киро Глигоров“ поради дивата депонија Вардариште, граѓаните најавија дека денеска повторно ќе излезат на улица. На вчерашниот собир видлив беше и транспарент со порака, „Вардариште е канцер“, а од институциите беше побарано без меѓусебни обвинувања да ја преземат одговорноста.

Следниот протест е закажан за денес, во 18 часот кај паркчето „Авионче“ во Ново Лисиче. Организаторите апелираат на масовност и истрајност, убедени дека само така може да се издејствува конечно решение за проблемот со Вардариште.

Претходно вчера, О2 Иницијативата упати јавен апел до кандидатите за градоначалници и советници во Град Скопје, Аеродром и Гази Баба, барајќи итни решенија за санација на депонијата.

„Доста е со молк, одлагања и префрлање на одговорност! Вардариште не е тема за кампања – тоа е закана за нашето здравје и иднината на Скопје“, порачуваат од иницијативата, нагласувајќи дека очекуваат конкретни обврски и јавно дадени ветувања од сите кандидати.

Во апелот се наведени три приоритетни барања: Итна изработка на проектна документација за санација и ревитализација на Вардариште, со што Општина Гази Баба треба без одлагање да ги донесе потребните детални урбанистички планови; Привремени мерки додека проектите не стартуваат, како запечатување, оградување, осветлување, 24-часовна чуварска служба и видео надзор; Транспарентност и отчетност, со редовно известување за секој чекор, конкретни активности и прецизни рокови.

Од иницијативата потсетуваат дека станува збор за прашање кое не смее да се третира како обично предизборно ветување.

Во неделата голем пожар избувна во близина на Вардариште во Скопје, при што половина град остана без електрична енергија 5 часа.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Македонија

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени

Read more

Ќе нема вода во дел од Дебар Маало

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од север

Read more

Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец

Read more
 

Вести

Црна Гора со Рики Мартин и Дино Мерлин ќе прослави 20 години независност

Читај повеќе

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени

Читај повеќе

Мерц предлага: Западен Балкан како набљудувач во ЕУ, Украина како придружна членка без право на глас

Читај повеќе

Албанските студенти најавија протест во Тирана за поддршка на студентите од Македонија

Читај повеќе

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: Затворени училиштата

Читај повеќе

Трамп: САД ја ослободуваат Куба, нема да има ескалација

Читај повеќе

Дрвјата ублажуваат речиси половина од урбаното затоплување, но не таму каде што е најпотребно

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Читај повеќе

Украина уништи руски центар за беспилотни летала во Донецк

Читај повеќе