Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40%, со почетно зголемување од 8% од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40% во наредниот период.

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40% повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

реклама

Македонија

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Read more

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Read more

Македонска пошта доби 100 нови возила

Read more

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Read more
 

Вести

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе
  • filter

Македонска пошта доби 100 нови возила

Читај повеќе