ВЛЕН: Дали Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ

Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот Лотарија, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас, велат од ВЛЕН преку соопштение.

„На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори. Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?

Во меѓувреме, прашина фаќа и прашањето за наводите поради кои Груби заврши на американската црна листа, а јавноста со право прашува дали Обвинителството воопшто постапува.

Нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави, го стави Груби на црната листа поради корупција од високо ниво. Според американските власти, тој и судијата Енвер Беџети примиле поткуп за да го извлечат Сашо Мијалков од затвор.

Артан Груби не е кој било поранешен функционер. Тој е црната кутија на ДУИ. Знае кој ги влечеше конците, кој ги склопуваше зделките и во чии џебови завршуваа парите од коцкарскиот бизнис. Затоа Али Ахмети има причина да спие со едното око отворено, а со другото да го следи Груби.

За да му се тргне маката на Али Ахмети и јавноста да добие јасна слика, ВЛЕН бара од Обвинителството да престане да игра криенка со правдата и јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот Лотарија, каде заглавија постапките и дали воопшто презело нешто по наодите на американските власти“, се вели во соопштението.

реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Македонија

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Read more

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување

Read more

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно одлучување

Read more

Времето денеска сончево и топло, за викендот повремен дожд

Read more

Вести

Европа годинава плати рекордна сума за руски гас

Читај повеќе

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Читај повеќе

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување

Читај повеќе

„Мозокот“ зад нападите од 11 септември 2001 година уште чека судење во САД

Читај повеќе

Што ги подгрева новите тензии меѓу Грција и Турција?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ученик избоде друг ученик и хигиеничар во средно училиште во Загреб

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најмалото училиште во Европа по 20 години ги отвори вратите за една ученичка

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилотот предупредил дека авионот Boeing се движи пребрзо пред фаталната несреќа во Мајами

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тешка автобуска несреќа во Швајцарија, има загинати

Читај повеќе